Vrabotuvanje.com - Сметководител - Скопје - БЕТА КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Сметководител

Скопје

Рок за пријавување:

  • БЕТА КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ
  • Адреса: Бул.Илинден бр.47/1-2, 1000 Скопје
  • Веб страна: http://www.betaconsulting.com.mk

Бета Консалтинг е меѓу водечките компании на пазарот на сметководствени и  консултантски услуги. Основана во 1993 година, веќе три децении успешно ги нуди своите услуги на македонскиот пазар. Човечките ресурси се наш приоритет, вложуваме во континуирано професионално усовршување и кариерен развој на сите членови на тимот. Наша цел е да обезбедиме постојан раст на знањето и вештините на нашите вработени, конкурентна плата и можности за унапредување.


 

СМЕТКОВОДИТЕЛ

Потребни квалификации:

 

  • Завршено високо образование - Економски Факултет
  • Искуство во сметководствено биро во работните обрски опишани во огласот се смета за предност
  • Подготвеност за работа и комуникација директно со клиентите
  • Напредно познавање на програмите од МS Office пакетот, особено Excel
  • Познавање на сметководствен софтвер, преференцијално Pantheon

Личен профил:

 

  • Знаење, чесност, етичност, интегритет, совесно работење и професионализам
  • Доверливост и лојалност при работа со конфиденционални податоци и информации
  • Посветеност на клиентите и отвореност кон споделување на идеи и сопствени иницијативи за подобрувања на процесите
  • Соработка, прифаќање и транспарентност со тимот

Работни обврски:

 

  • Контрола и книжење на сите финансиски и материјални трансакции
  • Останати сметководствени активности во согласност со сметководствените стандарди
  • Пресметка на плата, вршење плаќања и други административни работи за нашите клиенти
  • Комуникација со релевантите државни институции УЈП, НБРМ, Министерство за финансии, Завод за статистика
  • Континуирано професионално усовршување

Придобивки:

 

Бета Консалтинг ќе обезбеди обука за погоре наведените работни обврски, поддршка во текот на работата и при адаптација во тимот. Колегијална и пријатна работна атмосфера. Можност за учење и кариерен развој. Локални и меѓународни обуки и тренинзи. Искуство во соработка со Nexia мрежата. Награди за успешност во работењето. Тим билдинзи во и надвор од државата.

Плата во зависност од искуството и познавањата.

Останати придобивки:

  • Новогодишен Бонус
  • Постојано следење на напредокот и личниот развој со соодветно наградување

Заинтересираните кандидати можат да се пријават со доставување на кратка биографија. Пријавите се доставуваат преку полето Брза Апликација. Повеќе со дејноста на компанијата и клиентите за кои работи можете да се запознаете на веб страната: www.betaconsulting.com.mk

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде