Бета Консалтинг е меѓу водечките компании на пазарот на сметководствени и консултантски услуги. Основана во 1993 година, веќе три децении успешно ги нуди своите услуги на македонскиот пазар. Човечките ресурси се наш приоритет, вложуваме во континуирано професионално усовршување и кариерен развој на сите членови на тимот. Наша цел е да обезбедиме постојан раст на знањето и вештините на нашите вработени, конкурентна плата и можности за унапредување.
СМЕТКОВОДИТЕЛ
Потребни квалификации:
- Завршено високо образование - Економски Факултет
- Искуство во сметководствено биро во работните обрски опишани во огласот се смета за предност
- Подготвеност за работа и комуникација директно со клиентите
- Напредно познавање на програмите од МS Office пакетот, особено Excel
- Познавање на сметководствен софтвер, преференцијално Pantheon
Личен профил:
- Знаење, чесност, етичност, интегритет, совесно работење и професионализам
- Доверливост и лојалност при работа со конфиденционални податоци и информации
- Посветеност на клиентите и отвореност кон споделување на идеи и сопствени иницијативи за подобрувања на процесите
- Соработка, прифаќање и транспарентност со тимот
Работни обврски:
- Контрола и книжење на сите финансиски и материјални трансакции
- Останати сметководствени активности во согласност со сметководствените стандарди
- Пресметка на плата, вршење плаќања и други административни работи за нашите клиенти
- Комуникација со релевантите државни институции УЈП, НБРМ, Министерство за финансии, Завод за статистика
- Континуирано професионално усовршување
Придобивки:
Бета Консалтинг ќе обезбеди обука за погоре наведените работни обврски, поддршка во текот на работата и при адаптација во тимот. Колегијална и пријатна работна атмосфера. Можност за учење и кариерен развој. Локални и меѓународни обуки и тренинзи. Искуство во соработка со Nexia мрежата. Награди за успешност во работењето. Тим билдинзи во и надвор од државата.
Плата во зависност од искуството и познавањата.
Останати придобивки:
- Новогодишен Бонус
- Постојано следење на напредокот и личниот развој со соодветно наградување
Заинтересираните кандидати можат да се пријават со доставување на кратка биографија. Пријавите се доставуваат преку полето Брза Апликација. Повеќе со дејноста на компанијата и клиентите за кои работи можете да се запознаете на веб страната: www.betaconsulting.com.mk