Финансиско друштво M Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје е небанкарска финансиска институција, специјализирана за брзо одобрување и исплата на мали, необезбедени потрошувачки кредити.
Финансиско друштво М КЕШ Македонија е финансиска институција, дел е од Management Financial Group (MFG), која обезбедува финансиски услуги во Бугарија,Украина, Романија,Полска,Чешка и Македонија.
Како резултат на брзата експанзија како преку онлајн услугите така и преку директната услуга во Продавниците за пари и одржување на позицијата лидери на пазарот, ФД М КЕШ Македонија ДООЕЛ Скопје има потреба од надополнување на тимот на позиција
Специјалист за човечки ресурси
Опис на работни задачи:
- Административна подршка на одделот
- Изготвување и водење на целокупна документација за човечки ресурси ( договори за вработување, потврди, решенија, спогодби, анекси и сл. )
- Соодветно архивирање на целокупната документација поврзана со вработените
- Постојано ажурирање на податоците за вработените во сите бази и евиденции
- Водење и ажурирање на досие за секој вработен
- Следење и водење на евиденција за редовност на вработени
- Пријава и одјава на вработени
- Објава на оглас за вработување, селекција на кандидати, закажување и одржување на интервјуа
- Проактивно работење и споделување идеи и стратегии за мотивација на вработени,
- Планира, раководи, развива, координира и имплементира политики, процеси, обуки, иницијативи и анкети за поддршка на организациските и стратешките потреби
- Останати работни задачи од делокругот на своето работно место согласно укажаната моментална потреба, по налог на Претпоставениот или Работодавачот.
Потребни квалификации:
- Високо образование
- Познавање на Microsoft Office
- Високо ниво на техничка спремност
- Искуство со работење во Пантеон софтвер ќе се смета за преднсот
- Задолжително искуство во различни HR функции
- Познавање на Англиски јазик
- Високо ниво на интегритет и доверливост
- Способност за работа во тим
- Посветеност и одговорност кон задачите и работата
- Можност за извршување на задачи во куси рокови и справување со работа под притисок
- Одлични организаторски и комуникациски способности
Ние нудиме:
- Компетитивна плата
- Приватно здравствено осигурување
- Пријателска работна атмосфера
- Динамична и одговорна работа со постојан раст
- Работа со тим од професионалци и индивидулаци,кои веруваат во интегритет,тимска работа и отворена комуникација
- Можност за внатрешни и надворешни обуки за усовршување во областа
- Можност за континуиран кариерен развој
- Ваучер за склучен брак
- Ваучер за раѓање дете
- Слободен ден за прваче
- Училишен сет за децата на вработените
Испратете го вашето CV или мотивационо писмо на careers@mcash.mk