Vrabotuvanje.com - Раководител на магацин - Скопје - RR2 Infinitum DOOEL
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Раководител на магацин

Скопје

Рок за пријавување:

  • RR2 Infinitum DOOEL

Нашата компанија RR2 INFINITUM DOOEL со повеќе од 20 години искуство како провајдер на логистички услуги во глобалната размена на стоки со копнен транспорт LTL&FTL, воздушен транспорт и логистика на товари преку бродови и возови, решенија за логистика и менаџмент на веригата на снабдување, како и увоз и извоз и складирање со книга (JCS). Нашите услуги со висока додадена вредност овозможуваат неинтерриптиран тек на стоки, додека веригите на снабдување остануваат лаки и оптимизирани за успех. Нашите компании имаат водечка позиција и обширно искуство во технологија, потрошувачки производи, логистика на големо (тутун, алкохол итн.), транспорт со специфични барања и логистика прилагодена на вашите потреби.

РАКОВОДИТЕЛ НА МАГАЦИН
(
Одговара пред : Раководител на Подружница, Управител.)

Должности и одговорности на работното место:

  • Работење според правилата и прописите од Одобрението за ППЧ – Просторија за Привремено Чување на стока,
  • Работење според правилата и прописите од Одобрението за Овластен Примач/Испраќач,
  • Прием на стока и нејзино декларирање, регистрирање во царинските софтвери и следење на царинската постапка,
  • Се грижи за пристигнатата стока да биде точна по број и без оштетувања,
  • Поднесување на извештај за евентуални неправилности и варијации при истовар/утовар на стоката,
  • Правилно означување и маркирање на стоката во назначените реони во складот,
  • Извлекување и подготовка на стоката, и одговорност за точност и исправност на истата при утовар,
  • Подготовка и изготвување на документација потребна за соодветните царински постапки,
  • Посредување при царинење и извршување на царинските постапки и формалности,
  • Подготовка и изготвување на Транзитни документи и нивно посредување кај надлежните царински органи,
  • Изготвување на излезна документација и подготовка за издавање на стоката,
  • Изготвување на фактури за извршените услуги и нивно проследување,
  • Поднесување извештај за евентуални неправилности и варијации при прием/издавање на стоката,
  • Се грижи за роковите за престој на стоката во магацин да бидат согласно пропишаните правила,
  • Водење на уредна документација и архивирање на истата по завршувањето на сите формалности,
  • Води грижа за опремата и инвентарот во складот и помошните простории, како и кругот на складот, и нивно одржување во исправна и чиста состојба, на дневна, неделна и месечна основа,
  • Води грижа за залихите и набавката на основните средства за работа и ситниот инвентар,
  • Извршува или асистира во поставување или одржување на опрема и инвентар,
  • Управување со опремата на одговорен и професионален начин,
  • Извлекување и подготовка на стоката, и одговорност за точност и исправност на истата при утовар,
  • Утовар на складираната стока од складот во возила за транспорт,
  • Истовар, утовар, претовар и преместување на стока во складот со помош на виљушкар, рачен виљушкар или рачно,
  • Учествува во одржувањето и хигиената на работните простории со цел задоволување на бараните стандарди ,
  • Се грижи односот кон клиентите и соработниците да биде на професионален и одговорен начин, а во насока на задоволување на потребите на клиентите и соработниците,
  • Се грижи односот со колегите и останатите вработени да биде на професионален и одговрен начин, а во насока на позитивна работна атмосфера и зголемување на учинокот,
  • Да го почитува пропишаното работно време,
  • Извршување на други работни задачи по налог на одговорните лица.

Потребни квалификации:

  • Образование : Минимум ССС,
  • Искуство : Минимум 1 Година работно искуство на иста или слична работна позиција,
  • Знаење/Искуство/Вештини : Пожелно познавање на странски јазици, обуки за магацинско работење.

Доколку ги исполнувате горенаведените квалификации, Ве покануваме да испратите Ваша лична биографија (CV) преку полето Брза Апликација.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Магацинско работење и логистика изнесува 25.063 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде