Нашата компанија RR2 INFINITUM DOOEL со повеќе од 20 години искуство како провајдер на логистички услуги во глобалната размена на стоки со копнен транспорт LTL&FTL, воздушен транспорт и логистика на товари преку бродови и возови, решенија за логистика и менаџмент на веригата на снабдување, како и увоз и извоз и складирање со книга (JCS). Нашите услуги со висока додадена вредност овозможуваат неинтерриптиран тек на стоки, додека веригите на снабдување остануваат лаки и оптимизирани за успех. Нашите компании имаат водечка позиција и обширно искуство во технологија, потрошувачки производи, логистика на големо (тутун, алкохол итн.), транспорт со специфични барања и логистика прилагодена на вашите потреби.
РАКОВОДИТЕЛ НА МАГАЦИН
(Одговара пред : Раководител на Подружница, Управител.)
Должности и одговорности на работното место:
- Работење според правилата и прописите од Одобрението за ППЧ – Просторија за Привремено Чување на стока,
- Работење според правилата и прописите од Одобрението за Овластен Примач/Испраќач,
- Прием на стока и нејзино декларирање, регистрирање во царинските софтвери и следење на царинската постапка,
- Се грижи за пристигнатата стока да биде точна по број и без оштетувања,
- Поднесување на извештај за евентуални неправилности и варијации при истовар/утовар на стоката,
- Правилно означување и маркирање на стоката во назначените реони во складот,
- Извлекување и подготовка на стоката, и одговорност за точност и исправност на истата при утовар,
- Подготовка и изготвување на документација потребна за соодветните царински постапки,
- Посредување при царинење и извршување на царинските постапки и формалности,
- Подготовка и изготвување на Транзитни документи и нивно посредување кај надлежните царински органи,
- Изготвување на излезна документација и подготовка за издавање на стоката,
- Изготвување на фактури за извршените услуги и нивно проследување,
- Поднесување извештај за евентуални неправилности и варијации при прием/издавање на стоката,
- Се грижи за роковите за престој на стоката во магацин да бидат согласно пропишаните правила,
- Водење на уредна документација и архивирање на истата по завршувањето на сите формалности,
- Води грижа за опремата и инвентарот во складот и помошните простории, како и кругот на складот, и нивно одржување во исправна и чиста состојба, на дневна, неделна и месечна основа,
- Води грижа за залихите и набавката на основните средства за работа и ситниот инвентар,
- Извршува или асистира во поставување или одржување на опрема и инвентар,
- Управување со опремата на одговорен и професионален начин,
- Извлекување и подготовка на стоката, и одговорност за точност и исправност на истата при утовар,
- Утовар на складираната стока од складот во возила за транспорт,
- Истовар, утовар, претовар и преместување на стока во складот со помош на виљушкар, рачен виљушкар или рачно,
- Учествува во одржувањето и хигиената на работните простории со цел задоволување на бараните стандарди ,
- Се грижи односот кон клиентите и соработниците да биде на професионален и одговорен начин, а во насока на задоволување на потребите на клиентите и соработниците,
- Се грижи односот со колегите и останатите вработени да биде на професионален и одговрен начин, а во насока на позитивна работна атмосфера и зголемување на учинокот,
- Да го почитува пропишаното работно време,
- Извршување на други работни задачи по налог на одговорните лица.
Потребни квалификации:
- Образование : Минимум ССС,
- Искуство : Минимум 1 Година работно искуство на иста или слична работна позиција,
- Знаење/Искуство/Вештини : Пожелно познавање на странски јазици, обуки за магацинско работење.
Доколку ги исполнувате горенаведените квалификации, Ве покануваме да испратите Ваша лична биографија (CV) преку полето Брза Апликација.