Vrabotuvanje.com - Царински Декларант - Скопје - RR2 Infinitum DOOEL
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Царински Декларант

Скопје

Рок за пријавување:

  • RR2 Infinitum DOOEL

Нашата компанија RR2 INFINITUM DOOEL со повеќе од 20 години искуство како провајдер на логистички услуги во глобалната размена на стоки со копнен транспорт LTL&FTL, воздушен транспорт и логистика на товари преку бродови и возови, решенија за логистика и менаџмент на веригата на снабдување, како и увоз и извоз и складирање со книга (JCS). Нашите услуги со висока додадена вредност овозможуваат неинтерриптиран тек на стоки, додека веригите на снабдување остануваат лаки и оптимизирани за успех. Нашите компании имаат водечка позиција и обширно искуство во технологија, потрошувачки производи, логистика на големо (тутун, алкохол итн.), транспорт со специфични барања и логистика прилагодена на вашите потреби.

ЦАРИНСКИ ДЕКЛАРАНТ
(
Одговара пред : Раководител на Шпедиција, Управител.)

Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини:

  • CСС/ВСС,
  • Пожелно но незадолжително / Лиценца за царински декларант
  • Добри комуникациски вештини, доверливост и високо ниво на самодоверба,
  • Систематичност, организираност, иницијативност, аналитичност, објективност,
  • Напредно познавање на работа со MS Office и одлично познавање на работа во царински системи,
  • Задолжително Познавање на англискиот јазик (усно и писмено). 

Одговорности и работни задачи:

  • Подготвува и изработува царински декларации (за Редовно царинење, Овластен приемач, Поедноставена постапка за локален увоз и др.),
  • Обезбедува информации и документи за извршување на царинските постапки,
  • Врши правилно распоредување на стоките во согласност со Царинската Тарифа,
  • Врши комплетна обработка на предметите, од предавање на Царина, преглед на стоките, раздолжување на декларациите, до и по завршување на постапката на царинење,
  • Контактира со клиентите околу оперативните работи при царинењето, реализација и документација, плаќање царински давачки и друго,
  • Изработува и процесира разни барања, молби, промени на податоци, непотполни податоци, запазување рокови итн.,
  • Процесира Барања и Дозволи во електронскиот систем на дозволи ЕКСИМ,
  • Одгoворен е за правилна и доверлива употреба на документацијата со компаниски информации и обележја,
  • Одговорен е за коректна и легална употреба на опремата и уредите во сопственост на фирмата,
  • Ги следи промените во прописите, законите, постапките од царинското работење,
  • Проследува налози за фактурирање за извршените работи,
  • Работи и други работи во делокругот на работењето на фирмата, по налог на претпоставените,
  • Активно поднесува и завршува царински предмети .

Што нудиме:

  • Одлична работна атмосфера,
  • Обука,
  • Неделното работно време 40 часа. 

​Општи правила за аплицирање:

  • Именување на документ за аплицирање - CV (име и презиме на апликантот).
  • Назнака на позицијата за која се аплицира
  • Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на епоштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во РР2 Инфинитум или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас. Доколку нема никаква напомена од Ваша страна, податоците ќе бидат уништени

Доколку сте заинтересирани за работната позиција, а воедно го поседувате потребното образование, работно искуство, квалификации, вештини и личен профил за успешно извршување на работните задачи на работното место, испратете ја Вашата кратка биографија преку полето Брза Апликација , со назнака: “VRABOTUVANJE”

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Магацинско работење и логистика изнесува 25.063 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде