Vrabotuvanje.com - Физиотерапевт - Скопје - Ласер Мед
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Физиотерапевт

Скопје

Рок за пријавување:

  • Ласер Мед

ЛАСЕР МЕД - Центар за физикална и кинезитерапија успешно работи веќе 18 години (www.lasermed.com.mk), извршува услуги од областа на физикална терапија и медицинска рехабилитација. Објавуваме оглас за следната работна позиција:

ФИЗИОТЕРАПЕВТ

Потребни квалификации:

  • Завршено високо медицинско или средно образование за Физиотерапевт (положен стручен испит би било предност);
  • Познавање на англиски јазик (основно ниво);
  • Компјутерски вештини (основно ниво Word, Excel);
  • Професионалност, љубезност и учтивост;
  • Работно искуство е предност, но не е задолжително.

 Работни задачи:

  • Дизајнирање и примена на програми за намалување на физичката болка, зајакнување на мускулатурата, подобрување на мобилноста на зглобовите, движењето и рамнотежата;
  • Спроведување на постапки на физикална терапија (електротерапија, ласеротерапија, магнетотерапија, топлотна терапија, и др.);
  • спроведување на кинезитерапевтски постапки, мануелна терапија во професионална рехабилитација;
  • Рачна масажа, акупунктура и акупресура во рехабилитацискиот процес;
  • Примена на сертифицирани техники од областа на физикална терапија;
  • Советување на пациентите за постапките кои треба да се преземат надвор од клинчкото лекување;
  • Водење на медицинска евиденција за пациентите;
  • Вршење на сродни задачи;
  • Одржување на ред и хигиена на работно место.

 Профил на личноста:

  • Организираност и одговорност
  • Одлични комуникациски вештини
  • Професионалионален и љубезен однос кон клиентите
  • Способност за индивидуална и тимска работа
  • Лојалност, самоиницијативност, темелност, енергичност
  • Способност за работа под притисок и со кратки рокови

 Што ви нудиме:

  • Ние Ви нудиме одлични услови за работа и пријатна работна атмосфера.
  • Платен период на почетна обука и можност за натамошно стручно усовршување за почетници.

Кандидатите потребно е да го достават своето CV (кратка биографија на македонски јазик со фотографија) преку полето Брза Апликација.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Здравство и Социјална работа изнесува 23.752 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде