ЛАСЕР МЕД - Центар за физикална и кинезитерапија успешно работи веќе 18 години (www.lasermed.com.mk), извршува услуги од областа на физикална терапија и медицинска рехабилитација. Објавуваме оглас за следната работна позиција:
ФИЗИОТЕРАПЕВТ
Потребни квалификации:
- Завршено високо медицинско или средно образование за Физиотерапевт (положен стручен испит би било предност);
- Познавање на англиски јазик (основно ниво);
- Компјутерски вештини (основно ниво Word, Excel);
- Професионалност, љубезност и учтивост;
- Работно искуство е предност, но не е задолжително.
Работни задачи:
- Дизајнирање и примена на програми за намалување на физичката болка, зајакнување на мускулатурата, подобрување на мобилноста на зглобовите, движењето и рамнотежата;
- Спроведување на постапки на физикална терапија (електротерапија, ласеротерапија, магнетотерапија, топлотна терапија, и др.);
- спроведување на кинезитерапевтски постапки, мануелна терапија во професионална рехабилитација;
- Рачна масажа, акупунктура и акупресура во рехабилитацискиот процес;
- Примена на сертифицирани техники од областа на физикална терапија;
- Советување на пациентите за постапките кои треба да се преземат надвор од клинчкото лекување;
- Водење на медицинска евиденција за пациентите;
- Вршење на сродни задачи;
- Одржување на ред и хигиена на работно место.
Профил на личноста:
- Организираност и одговорност
- Одлични комуникациски вештини
- Професионалионален и љубезен однос кон клиентите
- Способност за индивидуална и тимска работа
- Лојалност, самоиницијативност, темелност, енергичност
- Способност за работа под притисок и со кратки рокови
Што ви нудиме:
- Ние Ви нудиме одлични услови за работа и пријатна работна атмосфера.
- Платен период на почетна обука и можност за натамошно стручно усовршување за почетници.
Кандидатите потребно е да го достават своето CV (кратка биографија на македонски јазик со фотографија) преку полето Брза Апликација.