Саник е компанија посветена на креирање и создавање на урбани и функционални станбени и деловни простори со уникатен дизајн...
Нашиот тим од професионални и искусни архитекти при осмислувањето на објектите секогаш е инспириран и ги става во фокус желбите и потребите на купувачите.
Нашата компанија постојано се стреми кон иднината, ги следи светските трендови во градежништвото и архитектурата. Препознатливи сме по квалитетот кој го создаваме со примена на современи стандарди и технологии во изградбата.
Нашите проекти влеваат доверба во нашите клиенти преку создавање на трајни вредности за идни генерации.
САНИК
има потреба од следната работна позиција
СМЕТКОВОДИТЕЛ
Потребни квалификации:
- Економски Факултет, сметководство и ревизија ќе се смета за предност
- Активно познавање на актуелната сметководствена регулатива и следење на сметководствени стандарди
- Поседување на лиценца за овластен сметководител
- Одлично познавање на Excel
- Работно искуство со материјално и сметководствено работење ќе се смета за предност
- Познавање на Англиски јазик
- Работно искуство во областа на сметководственото работење (повеќе од 4 години)
- Работно искуство во градежна компанија ќе се смета за предност.
Основни задачи и одговорности:
- Водење на материјално сметководство
- Книжење на влезни и излезни фактури
- Комуникација со клиенти во делот на финансиските прашања (сложување на сметководствени картици)
- Изработка на фактури за клиенти
- Книжење на банкарски изводи
- Изготвување на даночни пријави(ДДВ-04) и електронска комуникација со УЈП
- Пресметка на плата и електронска комуникација со УЈП
- Пресметка на персонален данок и електронска комуникација со УЈП
- Благајничко работење(евиденција)
- Изготвување на завршна пресметка
Личен профил:
- Одговорна и лојална личност
- Самоиницијативност и посветеност на работата
- Подготвеност за индивидуална и тимска работа
- Посветено и навремено извршување на работните задачи
Ние нудиме:
- Редовни месечни примања к-15 и бонуси
- Пријатна работна атмосфера
Доколку ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете кратка биографија со назнака за позицијата, преку полето Брза Апликација.