Vrabotuvanje.com - QA Тестери - Скопје - БИЛИВИО ДОО Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Скопје

Рок за пријавување:

  • БИЛИВИО ДОО Скопје


БИЛИВИО e брзорастечка софтверска компанија основана во 2018 година, веќе докажана во областа развој на софтвер, со голем број клиенти распространети во повеќе од 15 земји ширум светот, има потреба од зголемување на својот тим, објавува конкурс за вработување на тестери кои ќе имаат можност да работат на интересни проекти базирани на нови технологии во одлични услови.

Како дел од нашиот QA сектор ќе имате можност да работите на развојот на интересни проекти во професионален тим кој ги следи новите технологии.

QA ТЕСТЕРИ
 

Тестерите кои ќе станат дел од нашиот тим ќе ги имаат следниве задолженија:

  • Извршување на тест сценарија (рачни или автоматизирани) и анализирање на резултатите
  • Дизајнирање, развивање и извршување на скрипти за автоматизација на тест сценарија користејќи софтверски алатки и технологии
  • Извршување на pre-release / pre-implementation тест сценарија и пријавување на грешки до девелопмент тимот
  • Тимско работење
  • Комуникација со клиенти

 

СОФТВЕР ТЕСТЕРИ (1 работна позиција)

Потребни квалификации на софтвер тестерот:

  • Искуство во обезбедување квалитет на софтвер
  • Одлично познавање на софтверски QA методологии, алатки и процеси
  • Способност за решавање проблеми
  • Практично искуство со автоматизирани алатки за тестирање како C#, Selenium, JMeter
  • Одлични вештини за комуникација и критичко размислување
  • Познавање на HTML5, CSS3, Javascript, Bootstrap, JQuery, Postman
  • Познaвање на англиски јазик
  • Способност за работа во тим.

Вештини и искуствa кои ќе се сметаат како предност:

  • Познавање на Angular
  • Искуство со TFS (Team Foundation Server) / Azure DevOps
  • Желба за учење на нови технологии и примена на истите во развој на проекти.

Зошто би требало дa станете дел од нашиот тим?

  • Ќе работите во професионален тим, кој е насочен кон усовршување и надоградба на вештини.
  • Ќе учите и ќе бидете во тренд со новите технологии.
  • Квалитетот и довербата кај нас се на прво место.

Вашето кратко резиме (CV), испратете го преку полето Брза Апликација.

Сите апликации ќе бидат разгледани и оние кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на интервју.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
ИТ, Телекомуникации изнесува 45.517 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде