Vrabotuvanje.com - Трговски претставник (back up) - Скопје - Атлантик Група
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Трговски претставник (back up)

Скопје

Рок за пријавување:

  • Атлантик Група

Сакаш да бидеш дел од успешен тим и наш амбасадор на терен?
Тогаш, оваа позиција е твојот следен предизвик!

ТРГОВСКИ ПРЕТСТАВНИК (BACK UP)
 

АКО МИСЛИШ ДЕКА:

  • ти одговара брза и динамична средина,
  • спремен/а си да патуваш и да ја преземеш улогата на back up Трговски претставник,
  • ја познаваш теренската работа и го познаваш теренот во С. Македонија,
  • си комуникативна и упорна личност, насочена кон остварување на резултати,
  • ја сакаш тимската работа,
  • си одговорна и самоиницијативна личност која предлага нови идеи и решенија,
  • го познаваш MS Office пакетот,
  • имаш дозвола "B" категорија 


ТОГАШ, ПОЗИЦИЈАТА ТРГОВСКИ ПРЕТСТАВНИК ТИ НУДИ МОЖНОСТ ДА:

  • вршиш посета на постоечките купувачи според однапред дефиниран ходограм, градиш позитивни односи со нив и воспоставуваш приоритети на распоред на своите продажни активности,
  • обезбедуваш соодветна покриеност на продажните места (изложеност на производите, панели и рекламен материјал), водиш евиденција за роковите на производите и нивните залихи,
  • ги договараш цените и склучуваш нарачки со купувачите,
  • се грижиш за наплатата на продадената стока и ги реализираш плановите за приходи од продажба,
  • ги следиш промените во продажните трендови и даваш предлози за подобрување.


ОД НАС МОЖЕШ ДА ОЧЕКУВАШ:

  • Атлантик Група ти нуди многубројни бенефиции; покрај месечен систем на наградување, тука се и божиќница и регрес.
  • На нашите вработени им стои на располагање широк дијапазон различни едукации и развојни програми во согласност со работните потреби.
  • Во Атлантик на вработените им пристапуваме холистички и важно ни е да се чувствуваат добро во сите аспекти на својот живот и да постигнат баланс помеѓу приватниот и деловниот живот: Atlantic Body, Atlantic Mind, Atlantic Spirit i Atlantic Soul се различни програми кои ти овозможуваат да се посветиш на она што ти е важно, било да станува збор за спортски активности, едукации или волонтирање.
  • Сепак, она што е најважно не е напишано на лист, ќе работиш со луѓе кои ја сакаат својата работа и функционираат како мускетарски тим – сите за еден, еден за сите.

Заинтересиран си? Пријави се и дај ни можност да се запознаеме.   
Атлантиковци 

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде