Сакаш да бидеш дел од успешен тим и наш амбасадор на терен?
Тогаш, оваа позиција е твојот следен предизвик!
ТРГОВСКИ ПРЕТСТАВНИК (BACK UP)
АКО МИСЛИШ ДЕКА:
- ти одговара брза и динамична средина,
- спремен/а си да патуваш и да ја преземеш улогата на back up Трговски претставник,
- ја познаваш теренската работа и го познаваш теренот во С. Македонија,
- си комуникативна и упорна личност, насочена кон остварување на резултати,
- ја сакаш тимската работа,
- си одговорна и самоиницијативна личност која предлага нови идеи и решенија,
- го познаваш MS Office пакетот,
- имаш дозвола "B" категорија
ТОГАШ, ПОЗИЦИЈАТА ТРГОВСКИ ПРЕТСТАВНИК ТИ НУДИ МОЖНОСТ ДА:
- вршиш посета на постоечките купувачи според однапред дефиниран ходограм, градиш позитивни односи со нив и воспоставуваш приоритети на распоред на своите продажни активности,
- обезбедуваш соодветна покриеност на продажните места (изложеност на производите, панели и рекламен материјал), водиш евиденција за роковите на производите и нивните залихи,
- ги договараш цените и склучуваш нарачки со купувачите,
- се грижиш за наплатата на продадената стока и ги реализираш плановите за приходи од продажба,
- ги следиш промените во продажните трендови и даваш предлози за подобрување.
ОД НАС МОЖЕШ ДА ОЧЕКУВАШ:
- Атлантик Група ти нуди многубројни бенефиции; покрај месечен систем на наградување, тука се и божиќница и регрес.
- На нашите вработени им стои на располагање широк дијапазон различни едукации и развојни програми во согласност со работните потреби.
- Во Атлантик на вработените им пристапуваме холистички и важно ни е да се чувствуваат добро во сите аспекти на својот живот и да постигнат баланс помеѓу приватниот и деловниот живот: Atlantic Body, Atlantic Mind, Atlantic Spirit i Atlantic Soul се различни програми кои ти овозможуваат да се посветиш на она што ти е важно, било да станува збор за спортски активности, едукации или волонтирање.
- Сепак, она што е најважно не е напишано на лист, ќе работиш со луѓе кои ја сакаат својата работа и функционираат како мускетарски тим – сите за еден, еден за сите.
Заинтересиран си? Пријави се и дај ни можност да се запознаеме.
Атлантиковци