Vrabotuvanje.com - Унапредувач на продажба - Скопје - Скопје - Атлантик Група
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Унапредувач на продажба - Скопје

Скопје

Рок за пријавување:

  • Атлантик Група

Сакаш да бидеш дел од компанија, регионален лидер, која континуирано расте и која во своето портфолио ги застапува брендовите од нашето детство?

Дали сакаш да бидеш инспирација за 200 колеги на терен и со својот пример да ги мотивираш да ги прифатат новите предизвици.

Во тој случај, оваа позиција е твојот следен предизвик!

УНАПРЕДУВАЧ НА ПРОДАЖБА – СКОПЈЕ
 
 
 
АКО МИСЛИШ ДЕКА:
  • ти одговара динамична средина и работа на терен,
  • имаш релеватно искуство во продажниот свет,
  • си комуникативна личност и ти одговара соработка со други,
  • си одговорна и самоиницијативна личност која предлага нови идеи и решења,
  • ти е важна брзината и квалитетот на извршените дневни задачи,
  • имаш дозвола „B“ категорија.
 
ТОГАШ, ПОЗИЦИЈАТА УНАПРЕДУВАЧ НА ПРОДАЖБА ТИ НУДИ МОЖНОСТ ДА:
  • вршиш посета на продажните објекти и градиш позитивни односи со купувачите,
  • се грижиш за застапеноста на нашите производи во продажните места,
  • водиш евиденција за роковите и ги позиционираш нашите производи според FIFO стандардите,
  • поставуваш сталажи, дисплеји за изложување на производите,
  • поставуваш панели на продажните места,
  • редовно известуваш за активностите на терен.

ЗОШТО АТЛАНТИК:

  • Атлантик Група е океан на можности кој ти нуди многубројни бенефиции; покрај месечен систем на наградување, тука се и божиќница и регрес, а преку квалитетен систем на управување со учинок, наградување и флекс бенефиции ќе имаш можност да бидеш препознаен за доплнителниот труд кој го вложуваш во нашата компанија.
  • На нашите вработени им стои на располагање широк дијапазон различни едукации и развојни програми во согласност со деловните потреби.
  • Во Атлантик на вработените им пристапуваме холистички и важно ни е да се чувствуваат добро во сите аспекти на својот живот и да постигнат баланс помеѓу приватниот и деловниот живот: Atlantic Body, Atlantic Mind, Atlantic Spirit i Atlantic Soul се различни програми кои ти овозможуваат да се посветиш на она што ти е важно, било да станува збор за спортски активности, едукации или волонтирање.
  • Сепак, она што е најважно не е напишано на лист, ќе работиш со луѓе кои ја сакаат својата работа и функционираат како мускетарски тим – сите за еден, еден за сите. 

Заинтересиран/а си? Пријави се и дај ни можност да се запознаеме.

Атлантиковци

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде