Сакаш да бидеш дел од компанија, регионален лидер, која континуирано расте и која во своето портфолио ги застапува брендовите од нашето детство?
Дали сакаш да бидеш инспирација за 200 колеги на терен и со својот пример да ги мотивираш да ги прифатат новите предизвици.
Во тој случај, оваа позиција е твојот следен предизвик!
- ти одговара динамична средина и работа на терен,
- имаш релеватно искуство во продажниот свет,
- си комуникативна личност и ти одговара соработка со други,
- си одговорна и самоиницијативна личност која предлага нови идеи и решења,
- ти е важна брзината и квалитетот на извршените дневни задачи,
- имаш дозвола „B“ категорија.
- вршиш посета на продажните објекти и градиш позитивни односи со купувачите,
- се грижиш за застапеноста на нашите производи во продажните места,
- водиш евиденција за роковите и ги позиционираш нашите производи според FIFO стандардите,
- поставуваш сталажи, дисплеји за изложување на производите,
- поставуваш панели на продажните места,
- редовно известуваш за активностите на терен.
ЗОШТО АТЛАНТИК:
- Атлантик Група е океан на можности кој ти нуди многубројни бенефиции; покрај месечен систем на наградување, тука се и божиќница и регрес, а преку квалитетен систем на управување со учинок, наградување и флекс бенефиции ќе имаш можност да бидеш препознаен за доплнителниот труд кој го вложуваш во нашата компанија.
- На нашите вработени им стои на располагање широк дијапазон различни едукации и развојни програми во согласност со деловните потреби.
- Во Атлантик на вработените им пристапуваме холистички и важно ни е да се чувствуваат добро во сите аспекти на својот живот и да постигнат баланс помеѓу приватниот и деловниот живот: Atlantic Body, Atlantic Mind, Atlantic Spirit i Atlantic Soul се различни програми кои ти овозможуваат да се посветиш на она што ти е важно, било да станува збор за спортски активности, едукации или волонтирање.
- Сепак, она што е најважно не е напишано на лист, ќе работиш со луѓе кои ја сакаат својата работа и функционираат како мускетарски тим – сите за еден, еден за сите.
Заинтересиран/а си? Пријави се и дај ни можност да се запознаеме.
Атлантиковци