Vrabotuvanje.com - Администратор за Транспорт и увоз - Скопје - АТОМЕМ ДОО СКОПЈЕ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Администратор за Транспорт и увоз

Скопје

Рок за пријавување:

  • АТОМЕМ ДОО СКОПЈЕ


Од самото основање па се до денес, Нашата компанија АТОМЕМ ДОО е компанија која овозможува врвна услуга во областите на продажба, дистрибуција и логистика користејќи ги најсовремените идеи, можности и ресурси.

Во своето долгогодишно работење, покажуваме професионалност, ориентираност кон нашите деловни партнери, како и обезбедување максимална дополнителна вредност за финалните потрошувачи. Долгогодишното искуство и доверба помеѓу домашните и странските соработници, на нашата компанија и овозможуваат стабилен и перманентен раст, комбиниран со позитивна енергија, флексибилност и креативност.

Огромното искуство овозможи технолошка комплетна понуда на напредни производи и врвен квалитет, поткрепени со стандарди за еколошка безбедност и заштита на човековата средина. Супериорната визуелна препознатливост на продажните места, потполното задоволство на потрошувачите и победничкиот дух на нашиот продажен тим остануваат нашите главни приоритети во тековното успешно работење.

Атомем ДОО Скопје во моментов има потреба од следната работна позиција:

Администратор за Транспорт и увоз

Одговорности и задачи:

  • Организација на транспорт на производите до главниот магацин
  • Обезбедување на Документација за увоз (дозволи, декларации)
  • Комуникација и координација со сектор Набавка
  • Извршува сродни работи по налог на претпоставен раководител

Услови:

  • Познавање на странски јазици (англиски - задолжително)
  • Работно познавање на компјутери (Excel – задолжително)
  • Познавање на царински формалности и процедури
  • Работно искуство во дистрибутерска, транспортна или шпедитерска компанија ќе се смета за предност
  • Место на живеење - Скопје

Личен профил:

  • Комуникативност, организираност и одговорност,
  • Динамично лице,
  • Способност за тимска работа,
  • Способност за работа со дадени рокови и работа под притисок,

Што нудиме?

  • Одлични услови за работа
  • Атрактивна плата
  • Можност за напредок

Огласот е активен 15 дена од денот на објавувањето.

Вашата професионална биографија (CV) и Писмо за мотивација можете да ги испратите на следната е-мејл адреса: info@atomem.com.mk,
со задолжителна назнака на апликацијата „за Администратор за Транспорт“.


 

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Сообраќај и Транспорт изнесува 24.623 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде