Vrabotuvanje.com - Електричар - Велес - ПИ Кристал 1923 а.д.
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Велес

Рок за пријавување:

  • ПИ Кристал 1923 а.д.

Прехранбената индустрија „ПИ Кристал 1923 АД Велес“ од Велес веќе 100 години е синоним за квалитет. Нема домаќинство во Македонија во кое нашите производи немаат свое место. Денеска ПИ Кристал 1923 АД Велес е модерен прехранбен капацитет, во кој целокупниот производствен процес се одвива во строго контролирани услови што претставува најдобра гаранција за безбедноста и квалитетот на секој производ кој излегува од нашата фабрика.

 
Во моментов, имаме потреба од вработување на:

 
​Електричар
 
 

Одговорности и задачи:

  • Врши демонтажа, поправка и монтажа на електрични компоненти и делови;
  • Внимава на состојбата на опремата во поглед на електричната исправност и поставеност;
  • Изведува електрични инсталации;
  • Ги извршува сите административни работи (извештаи, внесувања, известувања, итн) согласно процедурите за работа;
  • Ги спроведува мерките за заштита при работа, пожар и екологија.

Потребни квалификации:

  • Средно стручно образование;
  • Со претходно искуство како електричар и работа со висока струја;
  • Предност ќе имаат кандидатите кои имаат работно искуство во производствена компанија.

Личен профил:
  • Способност за работа на висина;
  • Почитување и примена на стандардите за Здравје и Безбедност при работа.
 
Сите заинтересирани кандидати, својата Професионална Биографија можат да ја достават преку полето Брза Апликација. 

 

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Инсталации, Одржување и Поправки изнесува 24.722 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде