Поради проширување на обемот на работа, ДАЛМА ФООД И КЕТЕРИНГ СЕРВИС ДООЕЛ како водечка компанија во областа на кетеринг индустријата, присутна во 7 градови во земјава која вработува повеќе од 200 лица, има потреба од:
АДМИНИСТРАТИВЕН РАБОТНИК
Локација: Штип
Одговорности и задачи
- Работа на компјутер, внесување податоци и водење евиденција на дневно ниво
- Подготовка на документи и нивно соодветно архивирање
- Навремено вршење на административни активности во согласност со правилата и процедурите на компанијата
- Редовна координација со претпоставениот и организација на канцелариските обврски
- Останати работни активности од делокругот на работното место, согласно укажаната работна потреба, а по налог на претпоставениот.
Потребни квалификации:
- Завршено минимум средно образование;
- Одлично познавање на MS Office пакетот;
- Огранизираност и одговорност;
- Претходно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност;
- Способност за самостојна и тимска работа, одредување приоритети и самоиницијативност.
Ние нудиме:
- Работно време 40 часа неделно, прва смена, од понеделник до петок
- Интерна обука од страна на компанијата и менаџерот
- Редовни месечни примања, стимуланси и бонуси согласно перформасите
- Регрес за годишен одмор
- Oбезбеден топол оброк
- Работа во позитивна средина со можност за напредување и понатамошно усовршување во работата
- Договор за вработување на определено време со можност за негова трансформација на неопределено време
Доколку ги исполнувате условите и сте мотивирани за работа испратете ваша биографија преку полето Брза Апликација, со назнака: Административен работник за Охрид.
Селектираните кандидати ќе бидат избрани за понатамошно интервју.