Vrabotuvanje.com - Специјалист за продажба на електро опрема - Скопје - СПС ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Специјалист за продажба на електро опрема

Скопје

Рок за пријавување:

  • СПС ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ


СПС ИНЖЕНЕРИНГ е компанија посветена на инженеринг и имплементација на доверливи системи и светски докажани практики во областа на континуирано снабдување со електрична енергија и мрежна инфраструктура. Компанијата е предводена од одличен тим со големо искуство, посветени да обезбедат трајни решенија и задоволување на најстрогите критериуми во одредени сектори. Компанијата има потреба од проширување на својот тим со цел за постигнување унапредување на своите сервиси. Компанијата има потреба од вработување на професионално лице за: 

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПРОДАЖБА НА ЕЛЕКТРО ОПРЕМА

Работно време:

 

  • Работниот однос е на определено време со можност за продолжување на истиот на неопределено време.
  • Дневно работно време: од 07:30 до 15:30 часот
  • Неделно работно време: Понеделник – Петок 

Работни задачи: 

 

  • Водење, унапредување и промоција на продажбата на слабострујни и јакострујни електрични системи, дизел генератори, уреди за непрекинато напојување (УПС), електро опрема, соларни системи, батерии и друга опрема,
  • Комуникација со постоечки и потенцијални корисници со цел презентација, промоција и продажба на услугите на компанијата;
  • Реализација на деловни состаноци и презентации;
  • Подготовка на понуди за корисниците, според нивните моментални потреби;
  • Повремена работа на терен • Воспоставување, градење и оддржување на силни врски со корисниците;
  • Вмрежување со постојните клиенти како и одржување врски со клиентите преку обезбедување на поддршка, информации и насоки, истражување и препорака на нови можности;
  • Промовирање на услуги на компанијата, преку директна комуникација со корисници и преку присуство на настани, како и следење на нивното задоволство; ​

Потребни квалификации и способности

 

  • Познавања од областа на одредената технологија
  • Напредни продажни, преговарачки и комуникациски вештини;
  • Најмалку 3 години работно искуство во продажба во иста или слична индустрија;
  • Одлично познавање на сите апликации на Microsoft Office пакетот;
  • Познавање на англиски јазик (пишан и говорен);
  • Возачка дозвола Б категорија

Ние нудиме: 

 

  • Одлична работна средина
  • Плата (годишно зголемување согласно процент на работно место) + бонуси

 

Вашето CV,  доставете го преку полето Брза Апликација со назнака на работното место “СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПРОДАЖБА НА ЕЛЕКТРО ОПРЕМА“.
За подетални информации јавете се на ( 02 ) 520 4155.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Електротехника изнесува 22.219 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде