СПС ИНЖЕНЕРИНГ е компанија посветена на инженеринг и имплементација на доверливи системи и светски докажани практики во областа на континуирано снабдување со електрична енергија и мрежна инфраструктура. Компанијата е предводена од одличен тим со големо искуство, посветени да обезбедат трајни решенија и задоволување на најстрогите критериуми во одредени сектори. Компанијата има потреба од проширување на својот тим со цел за постигнување унапредување на своите сервиси. Компанијата има потреба од вработување на професионално лице за:
МОНТЕР НА МЕБЕЛ
Работни задачи:
- Монтажа на мебел
- Следење и асистирање при дијагностицирање и остранување на настанати проблеми
- Точно и редовно следење на работните налози
- Редовно известување до претпоставените за напредокот во работните активности и евентуалните пречки
- Одржување комуникација со клиентите за временски рокови
Потребни квалификации и способности:
- Завршено средно образование,
- Возачка дозвола Б категорија
- Изразена желба за учење и напредување во струката
- Пожелно искуство со монтирање на мебел
- Одговорност, систематичност и организираност
- Флексибилност и ориентираност кон пронаоѓање на решенија
- Способност за работа со временски рокови
Ние нудиме:
- Одлична работна средина
- Плата (годишно зголемување согласно процент на работно место) + бонуси
Вашето CV, доставете го преку полето Брза Апликација со назнака на работното место “МОНТЕР НА МЕБЕЛ“.
За подетални информации јавете се на ( 02 ) 520 4155.