Vrabotuvanje.com - Медицински преставник - Скопје - ОКТАЛ ПХАРМА ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Медицински преставник

Скопје

Рок за пријавување:

  • ОКТАЛ ПХАРМА ДООЕЛ

Октал Пхарма д.о.о е мултинационална компанија, која постои повеќе од 30 години и која работи во шест земји во регионот и е една од водечките хрватски веледрогерии.Од Октомври 2019 година, Октал Пхарма д.o.o. започна деловни активности во Северна Македонија, формирајќи поврзано трговско друштво Октал Пхарма ДООЕЛ увоз-извоз во Скопје.
​​
Заради потребите на претставништвото во Северна Македонија, Октал Пхарма ДООЕЛ Скопје, распишува оглас за вработување на:

МЕДИЦИНСКИ ПРЕТСТАВНИК
ЗА ТЕРИТОРИЈАТА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Потребни квалификации:

  • Завршено Високо Образование – медицински, стоматолошки или фармацевтски факултет;
  • Валидна возачка дозвола Б категорија;
  • Одлично познавање на MS Office пакетот;
  • Одлично познавање на англиски јазик.


Опис на работнoто место:

  • Претставување на палетата на производи на Октал Пхарма ДООЕЛ Скопје пред стручни лица – лекари од општа пракса и специјалисти, посета на аптеки;
  • Преку продлабочување на комуникацијата со редовни посети на лекари и фармацевти да се создаде однос на взаемна доверба за квалитетот на производите кои се дел од портфолиото на Октал Пхарма ДООЕЛ Скопје се со цел подобрување на квалитетот на животот на пациентите;
  • Планирање, организирање и извршување стручни презентации за производите од портфолиото на Октал Пхарма ДООЕЛ Скопје пред лекари и фармацевти;
  • Водење на редовна евиденција на базите на податоци;
  • Остварување на резултати од зададени продажни планови и активности;


Професионални знаења и способности:

  • Динамична личност со изразени комуникациски вештини;
  • Висока мотивираност, професионалност и дисциплина;
  • Способност бенефитите од лековите да умее да ги презентира и промовира на лесен и разбирлив начин;
  • Проактивност, организираност и ориентираност кон остварување на резултати.

Сите заинтересирани кандидати нека испратат свое CV преку полето Брза Апликација.

Сите пријави ќе бидат разгледани, а само кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на интервју

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Фармација и Биотехнологија изнесува 36.814 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде