Vrabotuvanje.com - Visual Merchandiser - Скопје - Fashion Group
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Скопје

Рок за пријавување:

  • Fashion Group

Fashion Group Fashion Group повеќе од 20 години важи за најголема малопродажна модна групација во земјава, а во нејзиното портфолио ќе најдете некои од најголемите светски реномирани брендови како Hugo Boss, Diesel, Guess, Bitsiani, Mango, Springfield, Okaidi, Superdry, Timberland и други. Нашата цел од самиот почеток, па сè до денес е да му овозможиме на секој наш клиент да го изгради личниот стил и да експериментира со истиот, одбирајќи ги парчињата на светските брендови.

Нашите вредности го рефлектираат она вистинското на компанијата, но и на сите брендови чии франшизи ги претставуваме – воздигнувањето на личниот стил над модата со помош на уникатните сезонски колекции.

Вработените во нашата компанија чиј број постојано се зголемува, се тим индивидуалци и креативци кои постојано работат на развивање нови идеи за соодветно претставување на вредностите на компанијата. Постојано се обидуваме да го пронајдеме најдоброто во нашите вработени и заедно да работиме на нивните амбиции, бидејќи кога се инвестира во нивниот развој, не само што го зголемуваме нивниот професионален капацитет, туку и ја зголемуваме и успешноста на целата наша организација.

Со цел проширување на тимот Fashion Group има потреба од::

VISUAL MERCHANDISER

 

Visual Merchandiser-от е одговорен за уредување на продажните објекти, следење на куповните навики на купувачите и предложување соодветни креативни решенија за изложување на производите со цел привлекување на купувачите.

Обврски и одговорности:

  • Уредување на продажните објекти согласно насоките на вендорите (излози, рафтови, кукли, дисплеи, ознаки, и сл.)
  • Координација со маркетинг тимот со цел подобрување на продажбата преку визуелното уредување на продажните објекти
  • Комуникација со вендорите (редовно постапување по нивните барања, достава на слики, видеа, извештаи и сл.)
  • Давање насоки на продажните тимови за изгледот на продажните објекти и за дополнување на производи и уредување на продажните објекти
  • Креативно постапување во случај на отсуство на насоки од брендовите за визуелниот изглед и поставеноста на колекциите во продажните објекти
  • Посебен осврт кон менаџирање со непродадените производи со давање креативни предлози за нивно изложување и привлекување на вниманието на купувачите
  • Инпут за куповните навики, давање предлози за подобрување на продажбата до раководните лица на продажните објекти и до Оперативниот менаџер и редовно репортирање

Образование, работно искуство и вештини:

  • ССС/ВСС
  • Познавање на MS Office пакетот
  • Познавање на работа со софтвери за водење залиха
  • Познавање англиски јазик
  • Поттикнување на тимска работа, соработка и позитивна атмосфера
  • Агилност, прилагодливост и флексибилност
  • Управување со време и приоритети

Ние нудиме:

  • Можност да бидете дел од Компанија со одлична работна атмосфера
  • Конкурентна заработка
  • Дополнителни бонуси во зависност од остварени резултати
  • Поволности при пазарење во продавниците кои се дел од Групацијата
  • Можност за дополнително развивање и усовршвање преку обуки и семинари
  • Пакет бенефиции за лојални вработени

​Доколку сметате дека ги поседувате потребните искуство и вештини аплицирајте преку полето Брза Апликација

Напомена:

  • Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. Сите апликации ќе бидат третирани со строга доверливост. Со самото аплицирање кандидатот се согласува неговите лични податоци наведени во апликацијата да бидат чувани во базата на податоци и обработувани во рок од 1 година од денот на истекот на рокот за избор. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци согласно Законот за заштита на лични податоци со обраќање на наведената електронска пошта во огласот.
 
 

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде