Vrabotuvanje.com - Оператор во контакт центар за наплата - Скопје - ЕОЅ Матрих
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Оператор во контакт центар за наплата

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЕОЅ Матрих

Оператор во контакт центар за наплата

Скопје, бул. Илинден бр.109 локал 6 Скопје - Карпош

EOS Матрих Македонија е компанија која е дел од ЕОS групацијата - водечки финансиски инвеститор со главна дејност управување со побарувања преку активности на преземање на обезбедени и необезбедени побарувања, контрола и наплата на побарувања, како и активности за меѓународна наплата на побарувања. Нудиме одлична работна атмосфера во интернационална компанија, иновативно опкружување и можност за професионален и личен развој. 

Опис на работни задачи

  • Телефонско посредување при процес на наплата на побарувања;
  • Воспоставување на позитивни релации со корисниците и договарање на начини на уплата;
  • Следење и мониторирање на динамиката на плаќање;
  • Спроведување на апликативни стратегии за наплата;
  • Реализирање на поставени таргети;
  • Креирање на соодветно решение, во насока на постигнување на целта.

Работни денови: понеделник - петок
Работни часови неделно: 40
Работно време: 08 – 16 часот

Потребни квалификации

  • Минумум завршено средно образование (високо образование ќе се смета за предност);
  • Комуникативни, јасни и концизни во изразувањето на македонски јазик (познавање на други јазици ќе се смета за предност);
  • Солидно познавање на компјутери и софтверски апликации;
  • Подготвени за кариерен развој;
  • Подготвени за работа во динамична средина;
  • Позитивен ментален став, енергични и отворени кон соработка со клиентите;
  • Развиен тимски дух.

 

Успешни заедно

Ве повикуваме да аплицирате преку Брзата Апликација со доставувањe на Ваша биографиjа* најдоцна до 31.07.2024 година. Сите пристигнати информации се третираат како строго доверливи.

Ние во ЕОS Матрих Македонија ги валоризираме сите луѓе подеднакво – нeзависно од нивниот пол, националност, етничка припадност, религија, вид на попреченост или политичка ориентација. Би сакале да ги охрабриме сите кандидати да аплицираат за позицијата.

Бенефиции

  • Компетитивна плата и бенефиции
  • Работа во интернационална компанија
  • Можности за хоризонтален и вертикален развој
  • IT опрема
  • Тим билдинг активности
  • Обуки и план за професионален развој

Контакт податоци

jobs@eos-matrix.mk
+389 2 3200 400

 

 

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Административни професии изнесува 20.922 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде