Vrabotuvanje.com - Координатор на индиректни набавки - Скопје - ЛЕК СКОПЈЕ ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Координатор на индиректни набавки

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЛЕК СКОПЈЕ ДООЕЛ

Лек Скопје е реномирана интернационална фармацевтска компанија со препознатлив бренд.

Поради проширување на нашиот тим имаме потреба од нови членови на позицијата:

КООРДИНАТОР ЗА ИНДИРЕКТНИ НАБАВКИ

 

Одговорности/обврски на позицијата:
  • Проверка на барања во СРМ и нивно одобрување како Купувач.
  • Испраќање на налози за купување во формат .pdf до продавачите по е-маил.
  • Анализа на пристигнати барања за купување и нивно усогласување со бизнисот.
  • Истражување на пазарот за можни добавувачи и испраќање на барањето за понуди до потенцијални добавувачи.
  • Состаноци и преговори со потенцијалните добавувачи.
  • Изработка на евалуација за споредба на цените и други услови според пристигнатите понуди.
  • Верификација на изборот на добавувач направен од страна на сопственикот на бизнисот.
  • Подготовка на договор офлајн и усогласување на договорот со сопственикот на бизнисот, сите релевантни внатрешни корисници и со продавачот.
  • Создавање и комплетирање на Договорниот работен простор во Ариба.
  • Обезбедување поддршка и обуки на внатрешните корисници за креирање на барања во СРМ i останати релевантни системи.
  • Обезбедување пристап за внатрешните корисници до SRM за создавање барања, одобрување и потврда за стоки/услуги.
  • Проверка на приемот на стоки/услуги на крајот на месецот.
  • Завршување на месечни, квартални и годишни контроли на SFCF.
 
Профил на успешниот кандидат: 
  • Универзитетска диплома по економија, финансии или друга еквивалентна диплома
  • Без работно искуство, работно искуство ќе се смета за предност
  • Microsoft Office пакет - одличен Excel
  • Одличен англиски јазик и пишан и говорен
 
Компанијата нуди:
  • Oдлична можност за професионален развој за амбициозни кандидати
  • Полно работно време

Доколку сте заинтересирани за оваа позиција, ве молам испратете ваша кратка биографија
преку полето Брза Апликација.

Ќе бидат контактирани само избрани кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Менаџмент изнесува 39.113 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде