Vrabotuvanje.com - Специјалист за имплементација на стандарди и менаџмент со квалитет - Скопје - ЧЕЗАКОМЕРЦ ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Специјалист за имплементација на стандарди и менаџмент со квалитет

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЧЕЗАКОМЕРЦ ДОО

 

ЧЕЗАКОМЕРЦ ДОО СКОПЈЕ - Компанија со дејност трговија со зрнести производи, семки, зачини, сушени плодови, масти, масла, адитиви, ароми и суровински материјал за слаткарство, пекарство, пивска и месна индустрија, индустрија за сокови и пакување, заради зголемен обем на работа има потреба од:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА СТАНДАРДИ И МЕНАЏМЕНТ СО КВАЛИТЕТ
- 1 извршител
 

Услови:

  • Завршено високо образование;
  • Претходно работно искуство од релевантната област ќе се смета за предност;
  • Искуство во подготовка на документација и соработка со надворешни консултанти;
  • Искуство со компјутер, активно познавање на MS Office
  • Возачка дозвола Б -категорија (активен возач)

Личен профил:

  • Одлични комуникациски и преговарачки вештини;
  • Флексибилност за работа на терен;
  • Способност за индивидуална и тимска работа и градење на тимски дух;
  • Деловна култура.

Одговорности и задачи:

  • Задолжен за одржување и развивање на системите за квалитет и за безбедност на храна;
  • Се грижи за акредитација, спроведување и имплементација на стандардите за квалитет и безбедност и врши контрола и надзор над вработените во делот на исполнувањето на стандарди;
  • Спроведува контрола на производствениот процес, предлага мерки и решенија за подобрување на производството со цел исполнувањето на барањата на стандардите за квалитет и безбедност:
  • Ги контролира критичните точки на производството и остварувањето и почитувањето на внатрешните процеси и процедури во Друштвото;
  • Континуирано следи и имплементира законски, подзаконски одредби и стандарди за квалитет и безбедност;
  • Се грижи и ја чува потребната документација, врши статистички анализи и предлага мерки за унапредување на работењето
  • Креира и спроведува план за контроли.

Ние нудиме:

  • Одлична и редовна плата која може да прогресира во зависност од перформансите и работната успешност;
  • Позитивна и пријатна работна атмосфера;
  • Можност за професионален развој;

Со аплицирањето кандидатот изјавува дека е согласен неговите лични податоци наведени во CV да бидат собрани и обработени од ЧЕЗАКОМЕРЦ ДОО Скопје во согласност со Законот за заштита на лични податоци.

Кандидатот изјавува дека е запознаен дека неговите лични податоци се собираат о обработуваат со цел избор на кандидат за позицијата за која аплицираат.

Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци.

Доколку овој Оглас е предизвик за Вас, Вашата професионална биографија (CV) и Писмо за мотивација можете да ги испратите преку Брзата Апликација со задолжителна назнака на апликацијата СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА СТАНДАРДИ И МЕНАЏМЕНТ СО КВАЛИТЕТ “

Напомена:

  • Кандидатите кои не ги исполнуваат бараните услови кои се наведени во Огласот се молат да не аплицираат;
  • САМО кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
  • Апликации без назнака нема да бидат разгледани.

ЧЕЗАКОМЕРЦ ДОО Скопје

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Административни професии изнесува 20.922 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде