ЧЕЗАКОМЕРЦ ДОО СКОПЈЕ - Компанија со дејност трговија со зрнести производи, семки, зачини, сушени плодови, масти, масла, адитиви, ароми и суровински материјал за слаткарство, пекарство, пивска и месна индустрија, индустрија за сокови и пакување, заради зголемен обем на работа има потреба од:
ТЕХНОЛОГ
- 1 извршител
Услови:
- Треба да поседува завршено високо образование -технолошки факултет -прехранбена или био технологија и да има познавање од еден странски јазик;
- Знаења поврзани со нормативните акти и стандарди за технолошки и квалитативни карактеристики на производството;
- Знаења поврзани со нормативните барања за безбедност и здравје при работа и противпожарна заштита;
- Знаења поврзани со компјутерските и други автоматизирани системи за извршување на технолошка контрола на производството;
- Познавање на англиски јазик и познавање на MS Office и интернет;
Личен профил:
- Одлични комуникациски и организациски способности;
- Иновативност, одговорност, иницијативност;
- Способност за индивидуална и тимска работа и градење на тимски дух;
- Деловна култура.
Одговорности и задачи:
- Контролира дали се почитува технологијата на производство и го анализира квалитетот на производот;
- Разработува нови производи и рецепти согласно нормативните барања во производство за прехранбени производи;
- Ја следи и ја анализира потрошувачката на суровини и материјали и нивната усогласеност со технолошката документација;
- Иницирање, координирање и надзор на примената на работните системи, прописи, процедури, и инструкции;
- Контрола на производните процеси според HACCP системот;
- Следење на светските трендови во доменот на здрава храна;
- Одговорен за остварување на планот за производство преку планирање на потребните ресурси и распоредување на персоналот;
- Одговорен е за планирање и извршување на препакувани производи;
- Одговорен е за следење на залихите во магацинот и пакување на производите во пакувања;
- Одговорен е за навремено обезбедување на потребните анализи на суровини и производи;
- Одговорен е за следење на квалитетот на влезните суровини во магацин;
- Набавка на потребни помошни материјали за потребите на производството;
Ние нудиме:
- Одлична и редовна плата која може да прогресира во зависност од перформансите и работната успешност;
- Позитивна и пријатна работна атмосфера;
- Можност за професионален развој;
Со аплицирањето кандидатот изјавува дека е согласен неговите лични податоци наведени во CV да бидат собрани и обработени од ЧЕЗАКОМЕРЦ ДОО Скопје во согласност со Законот за заштита на лични податоци.
Кандидатот изјавува дека е запознаен дека неговите лични податоци се собираат о обработуваат со цел избор на кандидат за позицијата за која аплицираат.
Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци.
Доколку овој Оглас е предизвик за Вас, Вашата професионална биографија (CV) и Писмо за мотивација можете да ги испратите преку Брзата Апликација со задолжителна назнака на апликацијата “ЗА ОГЛАС ЗА ТЕХНОЛОГ - 1 извршител “
Напомена:
- Кандидатите кои не ги исполнуваат бараните услови кои се наведени во Огласот се молат да не аплицираат;
- САМО кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
- Апликации без назнака нема да бидат разгледани.
ЧЕЗАКОМЕРЦ ДОО Скопје