East Gate Mall (дел од Балфин Груп) е првиот мултифункционален комплекс кој е спој на трговски и забавен центар, резиденцијален комплекс и деловен парк. Целта е да го подигнеме животниот и деловниот стандард и да донесеме нова енергија во срцето на Скопје преку воведување на нов животен стил и современи стандарди на урбано живеење.
За потребите на трговскиот центар, ја објавуваме следната позиција:
АДМИНИСТРАТОР НА ИНФО ПУЛТ
- Во потрага сме по комуникативна, одговорна и организирана личност за работа во нашето информативно биро. На оваа работна позиција, од вас ќе се бара да одговарате на прашања и барања за информации од посетителите, да одговарате на повици и да внесувате податоци кои се однесуваат на барањата на посетителите. Како Административен асистент на инфо пулт вашите должности ќе вклучуваат и помагање на клиентите и посетителите со информации за локациите.
- Одговарање на прашања на клиентите и посетителите
- Одговарање, проверка и препраќање телефонски повици на професионален начин
- Помагање на клиентите и посетителите со информации за локациите
- Помош при внесување податоци за посетителите, скенирање, информации за е-пошта
- Водење благајна, управување со готовина, вршење пресметка и предавање на дневниот промет од гифт картичките кои се продаваат на инфо пултот
- Прибирање податоци од клиенти, проследување апликаци и издавање потврда за одобрени брзи потрошувачки кредити преку систем до Банките со кои Друштвото соработува
- Продажба на гифт картички
- Претходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност
- Одлични комуникациски вештини и љубезност
- Солидно познавање на англиски јазик, пожелно е познавање на албанскиот јазик
- Завршено средно или високо образование
- Искуство во работа со табеларни пресметки, печатачи, копирање, скенирање и системи за препраќање на повици
- Работа во динамична средина, со амбициозен и професионален тим
- Атрактивна компензација, во согласност со искуството и работните обврски
- Можности за учење и напредување
- Работа во смени
Доколку сте заинтересирани за работа во динамична средина, со професионален и проактивен тим, а воедно ги исполнувате потребните квалификации, ги очекуваме вашите апликации.
Испратете го своето CV преку означеното поле, најдоцна до 31.07.2024.