Vrabotuvanje.com - Мерчендајзери – комерцијалисти- Скопје и Штип - Скопје и Штип - ЧЕЗАКОМЕРЦ ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Мерчендајзери – комерцијалисти- Скопје и Штип

Скопје и Штип

Рок за пријавување:

  • ЧЕЗАКОМЕРЦ ДОО

 

ЧЕЗАКОМЕРЦ ДОО СКОПЈЕ-Компанија со дејност трговија со зрнести производи, семки, зачини, сушени плодови, масти, масла, адитиви, ароми и суровински материјал за слаткарство, пекарство, пивска и месна индустрија, индустрија за сокови и пакување, заради зголемен обем на работа има потреба од:

МЕРЧЕНДАЈЗЕРИ – КОМЕРЦИЈАЛИСТИ ЗА РЕГИОН СКОПЈЕ – 1 ИЗВРШИТЕЛ,
РЕГИОН ШТИП - 1 ИЗВРШИТЕЛ
 

Услови:
  • Завршено средно образование, ВСС ќе се смета за предност;
  • Претходно работно искуство  во трговија со прехранбени производи ќе се смета за предност, како и познавање на продажните објекти;
  • Искуство во подготовка на извештаи;
  • Искуство со компјутер, активно познавање на MS Office
  • Возачка дозвола Б -категорија (активен возач)
 
Личен профил:
  • Одлични комуникациски и преговарачки вештини;
  • Флексибилност за работа на терен;
  • Способност за индивидуална и тимска работа и градење на тимски дух;
  • Деловна култура.
 
Одговорности и задачи:
  • Обврска за редовна посета на маркетите за кои е задолжен;
  • Проверка на состојбата на сите производи на друштвото во маркетите за кои е задолжен, следење излез на производите и нарачките;
  • Следење рокови, изложеност на артиклите, уредност и контрола на цени;
  • Надополнување на производите на рафт;
  • Изготвување на неделни и месечни извештаи;
  • Спроведување на потребни маркетинг активности кај клиентите, презентација и промотивни активности;
  • Следење на залихи;
  • Комуникација со постоечки клиенти;
  • Подобрување на пласман на артикли и нивни позиции.
 
Ние нудиме: 
  • Одлична и редовна плата која може да прогресира во зависност од перформансите и работната успешност;
  • Службен мобилен и службено моторно возило со право на користење во работно време за извршување на работните обврски и одговорности;
  • Позитивна и пријатна работна атмосфера;
  • Можност за професионален развој;
 
Со аплицирањето кандидатот изјавува дека е согласен неговите лични податоци наведени во CV да бидат собрани и обработени од ЧЕЗАКОМЕРЦ ДОО Скопје во согласност со Законот за заштита на лични податоци.
 
Кандидатот изјавува дека е запознаен дека неговите лични податоци се собираат о обработуваат со цел избор на кандидат за позицијата за која аплицираат.
 
Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци.
 
Доколу овој Оглас е предизвик за Вас, Вашата професионална биографија (CV) и Писмо за мотивација можете да ги испратите преку полето Брза Апликација со задолжителна назнака на апликацијата “МЕРЧЕНДАЈЗЕРИ – КОМЕРЦИЈАЛИСТИ ЗА: РЕГИОН СКОПЈЕ – 1 ИЗВРШИТЕЛИ и РЕГИОН ШТИП - 1 ИЗВРШИТЕЛ
 
 
Напомена:
  • Кандидатите кои не ги исполнуваат бараните услови кои се наведени во Огласот се молат да не аплицираат;
  • САМО кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
  • Апликации без назнака нема да бидат разгледани.

 
ЧЕЗАКОМЕРЦ ДОО Скопје

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде