КЕМЕТ Електроникс како дел од YAGEO Корпорацијата е водечки глобален снабдувач на електронски компоненти. Како компанија, нудиме најширок избор на кондензаторски технологии во индустријата, заедно со проширување на опсегот на електромеханички уреди, решенија за електромагнетна компатибилност и суперкондензатори.
Фабриката на КЕМЕТ Електроникс Македонија која е лоцирана во Технолошко индустриската развојна зона 1, Бунарџик, за потребите на своите производни капацитети објавува оглас за слободна работна позиција:
ХИГИЕНИЧАР/КА – Скопје, Куманово, Велес, Свети Николе
М/Ж
Одговорности
- Празнење на канти за отпадоци или слични садови, транспорт на отпаден материјал до одредени места за собирање;
- Миење на подови и бришење на прашина;
- Вшмукување и чистење на теписи;
- Користење на електрични машини за прочистување, полирање, лакирање и чистење на подови (по добивање соодветна обука);
- Користење на машини на електричен погон;
- Чистење на прашина, влажно бришење, миење корнизи, прозори, надворешни површини на шкафови, радијатори, полици;
- Континуирано надополнување на потрошен материјал (сапун, тоалетни ролни, хартиени крпи);
- Чистење на тоалети, уринарии, мијалници, тушеви и чешми;
- Користење на хемиски средства во извршувањето на постапки за чистење или процедури за одржување, по добивање на соодветни инструкции и обука;
- Чистење на кујната, работните бироа и останата работна површина;
- Да извршуваат други разумни должности во рамките на целокупната функција на работата.
Барања, вештини и компетенции
- Диплома за завршено средно образование;
- Пожелно предходно работно искуство како хигиеничар;
- Способност да се работи со машини;
- Познавање на хемикалии за чистење и организирање на резерви;
- Познавање на материјалите согласно безбедносните мерки;
- Лични вештини и компетенции: точност, флексибилност, чесност и независност, организираност, одговорност.
Компанијата нуди
- Пријатни услови за работа;
- Организиран превоз;
- Храна.
Доколку сте заинтересирани за објавената работна позиција и сметате дека поседувате вештини со кои би одговориле на работните задачи , Ве молиме испратете CV до 31.07.2024 година, со наслов Хигиеничар / Вашето име и презиме на: applicationmk@yageo.com.
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.
Апликациите ќе се чуваат во нашата база на податоци во период од една година