Vrabotuvanje.com - Асистент на финансиски менаџер - Скопје - БИСИ ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Асистент на финансиски менаџер

Скопје

Рок за пријавување:

  • БИСИ ДООЕЛ

Визијата на БИСИ е да создадеме препознатлив бренд во градежништвото, кој на пазарот ќе се истакнува по својата уникатна архитектура и понуда на ПРЕМИУМ станбени и деловни објекти.

Мисијата на БИСИ е да им понудиме на клиентите високо квалитетен производ, кој вклучува изградба на станови и деловен простор по највисоки стандарди, со најсофистицирани материјали, на ексклузивни и атрактивни локации.

Објавуваме работна позиција за: 

АСИСТЕНТ НА ФИНАНСИСКИ МЕНАЏЕР


ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Завршен Економски Факултет на Универзитет „Св. Кирил и Методиј„ Скопје 
  • Смер финансиски менаџмент или сметководство и ревизија со просек 8,5
  • Одлично познавање на Англиски Јазик 
  • Одлично познавање на WORD I EXCEL

ДОПОЛНИТЕЛНИ КВАЛИФИКАЦИИ/ВЕШТИНИ/ПОЗНАВАЊА:

  • Високо развиени аналитички и орханизациски способности
  • Посветеност, лојалност, проактивност, темелност и прецизност во работењето
  • Желба за постојано учење и професионален напредок
  • Способност за тимска, но и индивидуална работа

ЛИЦЕТО ЌЕ БИДЕ ОДГОВОРНО ЗА:

  • Водење на финансиски и административни работи
  • Прием и архивирање на документи
  • Вршење на плаќања
  • Подготовка на финансиски извештаи согласно потребата на претпријатието
  • Комуникација и координација со надворешното сметководство и подготовка на документи за нив

НИЕ ВИ НУДИМЕ:

  • Стабилно работно место со постојана динамичност
  • Можност за напредок во рамки на компанијата
  • Атрактивни месечни примања
  • Позитивна атмосфера​

Доколку сметате дека ова е вистинската работа за Вас, Ве молиме испратете го Вашето CV преку полето Брза Апликација со назнака за Асистент на финансиски менаџер.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде