Компанијата Јус МБ датира од 1992 година. Нејзините почетоци се како мала семејна фирма која од скромни почетоци практикувајќи континуирано вложување во своите вработени, имплементација на современи стандарди и професионализација на своето работење допринесе за голем развој во современа компанија со сопствен дистрибутивен центар од најсовремен ранг.
Јус Мб денес е компанија која располага со дистрибутивен центар кој се простира на земјиште од вкупно 30.000 m2. Дистрибутивниот центар се состои од деловен простор од 860 m2 и складишен простор од 6.000 m2 со современа логистичка мрежа и паркинг простор.
Успехот и развојот на компанијата се должат на одговорно, посветено и професионално работење, континуирано вложување во сите аспекти на работењето и секако на долгогодишната соработка со своите принципали кои се дополнителен придонес за заеднички раст во продажбата и дистрибуција.
Моментално имаме потреба од
ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ
Потребни квалификации:
- Познавање на материјално и финансово работење,
- Изработка на плати и ддв пријави
- Изработка на завршни сметки и годишни финансиски извештаи.
- Задолжително работно искуство.
Работни обврски:
- Евиденција и обработка на влезна и излезна сметководствена документација;
- Подготвување и реализирање на ДДВ пријави;
- Пресметка на плати;
- Координација со надворешни финансиски институции;
- Изработка на финансиски извештаи за соодветни регулаторни тела;
- Спроведување на сите сметководствени финансиски книжења;
- Усогласување на материјална, финансова и оперативна евиденција;
- Изработка на финансиски извештаи;
- Составување и изготвување на завршни пресметки;
- Следење и имплементирање на измени согласно законската регулатива;
- Други задачи во согласност со позицијата и по барање на работодавачот;
- Врши електронски плаќања од банкарските сметки на Друштвото, одговорен е за касата во централната канцеларија;
- Ги контролира движењата на банкарските сметки на Друштвото и готовинските операции што ги вршат подрачните одделенија;
- Одговорен за односите на Друштвото со добавувачите, банки и државните институции.
Испратете ја Вашата биографија преку полето Брза Апликација.