ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:
Van Hool е реномиран производител на автобуси и комерцијални возила од Белгија. Van Hool е најголем независен производител на автобуси во Европа со над 4,000 вработени. Повеќе од 70 години Van Hool е препознаен по својот оригинален, динамичен и прилагоден кон клиентот дизајн, како и по високиот квалитет и современите технолошки решенија.
За растечките потреби на нашиот производен капацитет Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје2, во Бунарџик/Илинден отвораме нови работни места за следниве позиции:
РЕЦЕПЦИОНЕР
- Ги пречекува посетителите и врши идентификација, ги упатува и одговара на прашања;
- Одговара на телефонски повици и ги пренасочува истите до соодветните оддели;
- Закажува состаноци и води записници од состаноците;
- Координира точност и дистрибуција на административна документација;
- Организира транспорт до и од работното место, како и исхрана за време на работа за вработените;
- Постапува по барањата за службени патувања вклучувајќи организација на сместување и транспорт;
- Други работни задачи доделени од работодавачот соодветни на работното место Рецепционер.
- ВСС;
- Напредно познавање на работа со компјутер и основни програми на Microsoft Office;
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Уредност и одговорност;
- Комуникативна, одговорна и лојална личност;
- Самоиницијативност и посветеност кон работата;
- Љубезност и позитивен став.
- Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РМ
- Раст на платата минимум еднаш годишно според успехот
- Регрес за годишен одмор од 23.100 денари
- 24/7 дополнително осигурување од незгода
- Работа од понеделник до петок од 08:00 – 16:00 часот, 40 часа неделно
- Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија во кантина со ресторански стандард
- Обезбеден превоз до/од работното место
- Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа
- Можност за стекнување на меѓународно препознаени сертификати за стекнати професионални вештини
- “Купи со попуст” - одобрени попусти за вработени во одредени продажни места
- Можност за мултинационално-препознаено професионално континуирано усовршување кај еден од најреномираните производители на автобуси