We deliver high quality products that save lives and move the world forward by developing safer, greener and more connected solutions, enabling the future of mobility impacting millions of people. Aptiv.com
За поддршка на нашиот тим лоциран во Скопје - Македонија, АПТИВ СЕРВИСЕС МАКЕДОНИЈА бара кандидат за позицијата:
Работник во кантина (м/ж)
Задачи:
- Примање, организирање и послужување на храната во кантината на компанијата, за вработените и гостите на компанијата
- Одржување на највисоко ниво на хигиена во кујната согласно HACCP стандардот
- Носење на униформа и заштитни ракавици и капа
- Работење со внимание при послужување (прибор за јадење, садови)
- Водење навремена евиденција за сите приеми на храна, пијалоци, пластични чаши, прибор за јадење и навремена најава до одделот за човечки ресурси за набавка на истите
- Работникот во кантина е прво лице за контакт при проблеми со храна во кантина, а исто така и дава предлози за подобрување
- Прави санитарни медицински прегледи на 6 месеци
Образование / Компетенции:
- Завршено средно образование
- 1 годинa работно искуство во кантина
- Способност за самостојна работа и тимска соработка
- Прецизност, работливост и флексибилност
Ви нудиме:
- Можност да работите во глобална корпорација
- Личен и кариерен развој
- Амбициозна работна атмосфера каде може да ги споделите Вашите идеи
- Организирана храна и транспорт
- Социјални активности и програми
- Работно време: во 3 смени
Доколку сте заинтересирани за позицијата, Ве молиме да се пријавите со поднесување на Ваша биографија (CV) и диплома од завршено образование, со испраќање на следнава електронска адреса Rabota@aptiv.com. Во предметот на пораката наведете ја позицијата за која аплицирате.
Рок за аплицирање: 08.08.2023
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на Аптив Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на Аптив.
- Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: Rabota@aptiv.com.
Да дознаете повеќе за Aптив, посетете ја страната www.aptiv.com/careers