Vrabotuvanje.com - Маркетинг и графички дизајнер - Скопје - МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Маркетинг и графички дизајнер

Скопје

Рок за пријавување:

  • МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје


Доколку сте кандидат што сака да работи во успешна компанија имаме одлична понуда за Вас. МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје е општествено одговорна компанија, дел од групацијата НОВОМАТИК Македонија, лидер во индустријата за игри на среќа и забавните игри. Долгогодишниот успех се темели на заедничкиот дух, односно успешниот тим предводен од менаџментот, кои што заеднички и посветено работат за достигнување на уште поголеми цели и успеси за сите. МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје познат преку брендот АСТРА е застапен ширум државата во повеќе атрактивни локации и за таа цел потребни се вредни, амбициозни луѓе за работа. За нашата дирекција во Скопје потребен ни е 

МАРКЕТИНГ И ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР

МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје Ви нуди:

  • Стабилна работа во компанија, лидер во индустријата на игри на среќа;
  • Позитивна работна атмосфера и добри меѓучовечки односи;
  • Динамична и флексибилна работна средина;
  • Точно дефинирани одговорности и очекувања, со можност за професионално напредување, како и обуки и соработки со матичната компанија во Австрија;
  • Можност за остварување на бонуси и награди на месечната плата;
  • Законски надоместоци и други надоместоци;
  • Новогодишни прослави, забави за подружници и родендени на клубови, можност за учество на тим билдинг настани;
  • Обезбедено службено возило;
  • Обуки и соработка со колеги од иста област во сите компании на Групацијата Новоматик Македонија;

Минимум потребни квалификации:

  • Формално образование: IV степен стручна подготовка;
  • Потребно искуство: Минимум една години работно искуство на иста или слична позиција;
  • Дополнителни знаења и вештини: познавање на работа со компјутери, пожелно е познавање на англиски јазик, пожелно е познавање на барањата и навиките на играчите, комуникативност, преговарачки вештини, одговорност, лојалност, кооперативност, тимска работа
  • Возачка дозвола Б катерорија (активен возач);

Основни должности:

  • Позитивна и одговорна личност која што ќе изврши унапредување на промотивната содржина на компанијата во согласност со современите трендови, новитети и актуелности во областа;
  • Дизајн и графичко уредување на рекламните материјали и останати маркетинг и промотивни материјали;
  • Дизајн и продукција на веб банери за веб страната на компанијата;
  • Подготовка на припреми за печатење;
  • Изработка и активно следење на маркетинг плановите и соработка со службите за нивна целосна реализација
  • Навремено и детално запознавање со сите актуелни понуди/промоции кои ги нуди компанијата на своите корисници;
  • Организација, присуство и контрола на промоции и настани од различен тип во автомат клубовите, спроведување на промотивни;
  • Активности за организација, следење и реализација на наградни игри и други промотивни кампањи и акции во клубовите и спроведување на промотивни активности за зголемување на деловната активност на Компанијата;
  • Комуникација со надворешни соработници, договарање и организација на заеднички настани, спонзорства; 

Контакт: Доколку верувате дека вашиот профил одговара на побараните услови, Вашето CV за работа со основните податоци и телефонски контакт испратете го на следниот маил: rabota@astracasino.mk или masterbet@novomatic.com

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
ИТ, Телекомуникации изнесува 45.517 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде