Vrabotuvanje.com - Brand Manager / Sales Manager - Скопје - AUTOMAKEDONIJA
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Brand Manager / Sales Manager

Скопје

Рок за пријавување:

  • AUTOMAKEDONIJA


Аутомакедонија е водечка компанија во автобилската индустрија и промотер на електромобилноста во земјава. Со влегувањето во нов сегмент на бизнис со електрични и хибридни возила, ја прошируваме нашата понуда и бараме квалификувани и посветени професионалци кои ќе ни помогнат во оваа нова ера на електромобилност.
Ве повикуваме да се приклучите на тимот на Групација Аутомакедонија, на 2 работните позиции:

 

BRAND MANAGER

Опис на позицијата:
Како Brand Manager, ќе бидете одговорни за развој и имплементација на стратегиите за брендот на нашите нови електрични и хибридни возила. Вашите главни задачи ќе вклучуваат: 

  • Развивање и спроведување на бренд стратегија за новиот сегмент на електрични и хибридни возила.
  • Учество во креирање и реализација на маркетинг кампањи и активности.
  • Анализа на пазарот и конкуренцијата за да се идентификуваат можности за раст.
  • Остварување и одржување на состаноци и врски со постоечни и нови клиенти.
  • Следење на перформансите на брендот и прилагодување на стратегиите според резултатите.
  • Учество и работа во проекти како дел од стратегијата за унапредување на електро мобилноста во земјата и одржување на позитивни релации со засегнати страни. 

Потребни квалификации:

  • Високо образование
  • Минимум 3 години искуство како Brand Manager или слична позиција.
  • Одлични комуникациски и организациски вештини.
  • Искуство со маркетинг кампањи и анализа на пазарот.
  • Проактивност и креативност.
  • Познавање на нови технологии.
  • Познавање на англиски јазик и MS Office.

 

SALES MANAGER

Опис на позицијата:
Како Sales Manager, ќе бидете одговорни за развој и имплементација на продажни стратегии и продажба на возила. Вашите главни задачи ќе вклучуваат:

  • Оперативно водење на продажба на патнични и комерцијални возила.
  • Одржување на состаноци и врски со потенцијални индивидуални и корпоративни клиенти.
  • Учество во креирање и реализација на маркетинг кампањи и активности.
  • Анализа на пазарот и конкуренцијата за да се идентификуваат можности за раст.
  • Следење на перформансите на постоечките брендови и прилагодување на стратегиите според резултатите. 

Потребни квалификации:

  • Високо образование
  • Минимум 3 години искуство како Sales Manager или слична позиција.
  • Одлични комуникациски и преговарачки вештини.
  • Способност за анализа на пазарот и идентификација на продажни можности.
  • Познавање на англиски јазик и MS Office. 

 

Групација Аутомакедонија нуди конкурентен финансиски надомест, атрактивен деловен пакет, динамична работна средина, можности за обуки и кариерен развој. Изборот ќе се направи со јасни критериуми по пат на тестирање и интервјуирање на кандидатите.

Ако сте заинтересирани и сте сигурни дека ги исполнувате горенаведените услови, Ве молиме испратете го вашето резиме (Curriculum Vitae) и мотивационо писмо преку Брзата Апликација најдоцна до 29.07.2024 година.

  

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Административни професии изнесува 20.922 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде