Vrabotuvanje.com - Администратор за човечки ресурси - Скопје - АРС ЛАМИНА ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Администратор за човечки ресурси

Скопје

Рок за пријавување:

  • АРС ЛАМИНА ДОО

За потребите од засновање на работен однос на работник за извршување на работни задачи во Друштво за графички услуги и трговија АРС Ламина ДОО Скопје, за следното работно место:

АДМИНИСТРАТОР ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

1 (еден) извршител на определено време од 6 (шест) месеци (период на докажување на способности), со можност за продолжување

 

Потребни квалификации и вештини:
  • ВСС;
  • Работно искуство најмалку 1 година во струката;
  • Солидно познавање на MS office пакетот (word, excel);
  • Способност за индивидуална и тимска работа;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Организациски вештини
  • Комуникациски вештини
  • Одговорност и посветеност
  • Возачка дозвола Б категорија;
Краток опис на работните обврски:
  • Врши пријави и одјави на вработените;
  • Организирање и учество во процеси на огласување, регрутација, селекција и вработување/пријавување:
  • Го надгледува системот за документација на вработените односно персоналното досие на секој вработен;
  • Следење, проверка и усогласување со законски прописи од областа на Човечки Ресурси,
  • Ја подготвува соодветната документација за регистрирање на нови вработени во друштвото;
  • Ги надгледува и води евиденција за  дневните одмори, отсуства и боледување на секој вработен;
Што нудиме?
  • Работното време трае 5 работни дена, (од пон до пет), односно 40 часа неделно, започнува во 08:30 часот, а завршува во 16:30 часот.
  • Динамична работна атмосфера,

Изборот меѓу пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 30 (триесет) дена по завршувањето на огласот.

Кандидатите кои ги исполнуваат условите, апликациите да ги испратат преку полето Брза Апликација.

Доколку Вашите квалификации ги исполнуваат нашите потреби и барања, телефонски или писмено ќе бидете повикани на разговор.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Човечки ресурси изнесува 36.801 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде