Vrabotuvanje.com - Претставник за продажба и апликација - Скопје - БИОТЕК ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Претставник за продажба и апликација

Скопје

Рок за пријавување:

  • БИОТЕК ДОО

Биотек ДОО Скопје објавува оглас за работната позиција: 

ПРЕТСТАВНИК ЗА ПРОДАЖБА И АПЛИКАЦИЈА

Потребни квалификации:

  • Високо образование – Природно математички факултет (област хемија и биохемија), Технолошки факултет
  • Претходно работно искуство со аналитички инструменти од областа на гасна хроматографија, течна хроматографија и спектроскопија ќе се смета за предност

Потребни способности и вештини:

  • Одлични комуникациски способности
  • Флексибилност за индивидуална и тимска работа
  • Ориентираност кон рокови
  • Способност за динамична работа и работа на терен
  • Одлично познавање на MS Office
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Возачка дозвола Б-категорија, активен возач

Главни одговорности:

  • Обука на клиенти во однос на користење на опрема и тестови
  • Поддршка за клиентите во однос на користење на опремата и тестовите
  • Посета на клиенти, грижа за задоволството на истите и одговарање на нивните барања, аквизиција на нови клиенти и спроведување на активности со цел ширење на мрежата на продажба
  • Пронаоѓање и отворање на можности за промоција и апликација на нови тестови/опрема
  • Остварување на комуникација и кореспонденција со добавувачи
  • Следење на исцрпност на тендерски договори и дејствување со цел достигнување на истото, следење на објавени тендери кои се од интерес на Биотек

Компанијата нуди:

  • Можности за професионален и личен раст и развој,
  • Дигитализирани работни процеси со современи алатки и технологии,
  • Енергична и професионална работна средина,
  • Модерни канцеларии во центарот на градот,
  • Подароци за родендени и празници,
  • Конкурентни плати
 

Ве покануваме, доколку имате интерес и соодветствувате со опишаниот профил за позицијата, пратете ваша апликација преку полето Брза Апликација.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде