Vrabotuvanje.com - Сметководител - Скопје - ЕСИ ВРЕМЕНО ВРАБОТУВАЊЕ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Сметководител

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЕСИ ВРЕМЕНО ВРАБОТУВАЊЕ Скопје

Компанијата ЕСИ (Employment Services International), етаблиран бренд во HR индустријата од 2007 година, има потреба од проширување на тимот во финансии и сметководство.

Ги охрабруваме сите потенцијални кандидати, кои ја гледаат својата иднина во финансиското работење да аплицираат на огласот:

СМЕТКОВОДИТЕЛ


ОПИС НА РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
  • Материјална и формална проверка на сите влезни и излезни фактури и водење на евиденција на истите.
  • Изготвување на финансиските извештаи.
  • Менаџмент на паричните средства, и следење на движењето на истите.
  • Надворешна комуникација со банки, инспекции, ревизиски куќи и слично.
  • Врши редовно усогласување на податоците во главна книга со истите во помошните книги.
  • Подготовка на денарски плаќања
  • Подготовка на благајнички извештаи
  • Подготвување на патни налози
  • Архивско работење
  • Сложување на карици со (домашни и странски компании)
  • Контакти со државни институции (УЈП, Централен регистар, Фонд за ПИОМ, Фонд за здравство) 
 
КВАЛИФИКАЦИИ:
  • Високо образование – Економски факултет
  • Поседување на уверение за овластен сметководител (би било предност, но не е заадолжително).
  • Претходно работно искуство од најмалку 3 години во истата или слична област.
  • Солидно познавање на англиски Јазик.
  • Солидно познавање на МS Office.

ВАШИТЕ ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ:
  • тимски ориентирана личност
  • силна посветеност на работата
  • одговорност, организираност, педантност
  • желба за учење и напредок

ПОНУДА:

  • Работа на полно работно време од 08:00 до 16:00 часот;
  • Вработување на определено со можност за неопределено време;
  • Почеток со работа: Веднаш;
  • Работа во компанија што работи во индустријата за Човечки ресурси;
  • Континуирани годишни евалуации на платите;
  • Работа во позитивна средина.

Други бенефиции согласно политиките на компанијата.

Своите биографии испратeте ги на rabota@esi.mk и или аплицирајте директно на www.esi.mk . 
 
ЕСИ (Employment Services International)
ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
www.esi.mk 

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде