Vrabotuvanje.com - Координатор за регулатива - Скопје - Pliva
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Координатор за регулатива

Скопје

Рок за пријавување:

  • Pliva

КООРДИНАТОР ЗА РЕГУЛАТИВА

Место на работа: Скопје


ПЛИВА е член на групацијата Тева, една од најголемите фармацевтски компании во светот. Нашата основна цел е да го подобриме квалитетот на животот и да го заштитиме здравјето со висококвалитетни и подостапни лекови. Ние континуирано го обезбедуваме здравствениот систем и пациентите со широк спектар на терапии за скоро сите терапевтски области.

 

Основни функции и одговорности
  • За доделените производи, обезбедува навремена подготовка, поднесување и соодветно следење на новите Aпликации до надлежните институции.за добивање на Одобрение за ставање на лек во промет 
  • Обезбедува одржување на доделените производи преку навремено поднесување на варијации, обнови и други постапки
  • За доделените производи обезбедува навремени, точни и усогласени преводи на Збирен Извештај за особините на лекот, Упатството за пациентот како и подготовка на надворешно и контактно пакување 
  • Работење во Интегрираниот информатички систем на МАЛМЕД
  • Работење во Информатичките системи на компанијата
  • Спроведување на постапки за регистрирање на додатоци на исхрана, следење на законската регулатива поврзана со Законот за безбедност на храна, следење на сите процеси поврзани со додатоците на исхрана
  • Формирање единствени цени на лекови и следење на законско намалување на цените
  • Активности за обезбедување на контрола на квалитетот на лековите 
  • Собира релевантни јавно достапни регулаторни информации и ги одржува соодветните лица соодветно информирани
  • Секојдневна комуникација со глобалните и локални тимови на Pliva/Teva во однос на споделување информации и документација за производите. Одржува позитивен однос со внатрешните регулаторни контакти во рамките на компанијата
  • Комуницира и одржува позитивен однос со регулаторните органи
  • Oдржувањето на  бази на податоци на компанијата
  • Обезбедува дека датотеките и архивите се ажурирани и комплетни
  • Учествува во воспоставувањето и одржувањето на релевантни Стандардни оперативни процедури 
  • Обезбедува соодветна поддршка за други функции во компанијата за да се овозможи усогласеност во областите поврзани со RA
  • Како што е соодветно, делува како замена за Одговорното лице за регулатива за РСМ

Потребни квалификации:

  • Високо Образование, Фармацевтски факултет со валидна лиценца за работа
  • Работно искуство од најмалку 3 години на иста или слична позиција
  • Предност ќе имаат кандидатите со познавање и искуство во областа на Комерцијален квалитет
  • Познавање на англиски јазик
  • Одлично познавање на MS Office
  • Поседување возачка дозвола тип Б (активен возач)
  • Насоченост кон резултати
  • Мотивираност и желба за работа
  • Ориентирани кон решавање на проблеми
  • Способност за индивидуална и работа во тим
  • Детален и систематски пристап кон работата
  • Способнот за добро управување со времето и поставување на приоритети
  • Иницијативност и проактивност
  • Работа со дадени рокови

Придружете се на нашиот тим во Загреб и станете дел од ПЛИВА, која зад себе има вековна традиција на успешен бизнис. Бараме нови членови во нашиот тим во производство, а за странски државјани нудиме помош за добивање работна дозвола и сместување

Линк за Пријава за Координатор за регулатива.

Огласот трае 30 дена од денот на неговото објавување.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Административни професии изнесува 20.922 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде