Оffice people Ltd e меѓународна компанија за регрутација која обезбедува HR услуги и решенија. Нашата мисија е едноставна: Ние ги поврзуваме луѓето и можностите. И иако во последните години значително пораснавме, нашата посветеност кон оваа мисија останува непроменета.
За потребите на наш клиент бараме:
Монтажер на слабостурјни и јакострујни инсталации
- Инсталација на слабострујни кабли во деловни, индустриски и станбени објекти
- Изведба, монтажа и пуштање на работа на системи за видео надзор и аларми, противпожарна заштита, контрола на пристап
- Изведба на јакострујни електро инсталации (напојување, осветлување, изводи, приклучници и слично) и нивно одржување
- Монтажа на кабловски регали
- Монтажа на опрема и материјали за системи за автоматика
- Инсталација на нови системи, поврзување и пуштање во активна работа
Потребни квалификации:
- Минимум средно образование
- Возачка дозвола Б категорија
- Познавање на англиски јазик
- Одговорно извршување на работните обврски во зададени рокови
- Комуникациски вештини
- Способност за самостојна и тимска работа
- Понеделник-Петок 8:00-16:00
- Работниот ангажман вклучува работа во просториите на клиентот во Скопје, како и теренска работа на територијата на Република Македонија.
Како да аплицирате:
- Аплицирајте преку брза апликација
- Аплицирајте со испраќање на вашето CV на mila.nashevska@office-people.rs
- Аплицирајте со јавување на 075 259 041
Забелешка: Максимално ја почитуваме приватноста и доверливоста на нашите кандидати. Името на компанијата што вработува ќе им биде откриено на кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг на селекција