Vrabotuvanje.com - Оператор за работа во производство - Скопје - Hi-Tech Corporation
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Оператор за работа во производство

Скопје

Рок за пријавување:

  • Hi-Tech Corporation

Hi-Tech Corp. (www.hitech.com.mk) е водечки европски производител на електронски штампани плочи. Преку посветенување на нашите над 200 вработени, се посветуваме на технолошката експертиза и квалитетот на нашите производи кои ги надминуваат очекувањата на нашите клиенти. А нашите клиенти се едни од најголемите светски брендови. Нашите електронски штампани плочи се применуваат во: CERN акцелератор, Williams Racing и Audi F1 тимовите, Ferrari SF90 и 488, Mercedes AMG, Медицинска индустрија (респиратори, магнетна резонанца, CT), комерцијални сателити, ARRI камери и опрема за видео пренос на Олимписките игри во Париз 2024), авионите Airbus и Boeing, апаратите на Bosch и Siemens... Во моментов отворено е следното работно место: 
 

ОПЕРАТОР за работа во производство

 

Опис на работно место:

  • Едноставни работи на процесна линија;
  • Следење на упатства и извршување на предвидени активности;
  • Работа на машини, ракување со алати и опрема, извршување на производствени задачи во согласност со зададените инструкции;
  • Следење на квалитет на производи по утврдени стандарди.

Работни услови: Работа во три смени.

Што бараме:

  • Завршено средно образование;
  • Со или без работно искуство;
  • Способност за следење на упатства и дисциплинираност.

Што нудиме:

  • Организиран превоз од Скопје и околните градови;
  • Обезбедена храна;
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Исплата на квартални бонуси согласно постигнати резултати;
  • Минимална плата во Hi-Tech Corp. за работни места во производство е нето 30.000 денари. 

Доколку сакате да станете дел од тимот кој работи за најголемите брендови низ целиот свет, доставете кратка биографија на емаил hr@hitech.com.mk најдоцна до 31.07.2024 година.

Hi-Tech Corp. обезбедува еднакви можности за вработување на сите кандидати и води посебна грижа за заштитата на лични податоци и за доверливоста на Вашата апликација

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

Со самото аплицирање за работната позиција, вие се согласувате дадените лични податоци да се користат/обработуваат од страна на Hi-Tech Corp. и тоа само за процесот за селекција на кандидатите. Кандидатите можат согласноста за обработка на личните податоци да ја повлечат во секое време со доставување на барање на hr@hitech.com.mk.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде