Vrabotuvanje.com - Сменски електричар (реон Скопје) - Скопје - ЕСИ ВРЕМЕНО ВРАБОТУВАЊЕ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Сменски електричар (реон Скопје)

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЕСИ ВРЕМЕНО ВРАБОТУВАЊЕ Скопје


За вработување кај наш реномиран клиент, ОКТА АД – Скопје, која е членка на една од водечките енергетски групации во Југоисточна Европа – Групацијата HELLENiQ Energy и воедно најголем снабдувач на горива во земјата, бараме:

СМЕНСКИ ЕЛЕКТРИЧАР (реон Скопје)

 

РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:

  • Испитување и отстранување на дефекти на трансформатори, пригушници, разводни постројки, собирници, проводни изолатори, ниско напонска кабловска мрежа меѓу објекти, високонапонска кабловска мрежа, кабловски глави, муфови, надворешна електро опрема за осветлување, рефлекторно светло, нисконапонски прекинувачи во трафостаници, компресори и сл;
  • Одржување на електро мотори, нисконапонски разводни ормари, табли, склопки, прекинувачи, управувачки уреди за моторен погон и осветлување во „ЕХ“ изведба, заземјување на ниско напонски електро уреди, каблови за електро уреди на помошни објекти;
  • Испитување и отстранување на дефекти на електро опрема во административна зграда, стражарски куќи, бензински пумпи;
  • Демонтажа, монтажа и транспорт на електро мотори до работилница, одржување на дизел агрегатите во ОКТА, контрола и одржување на заштитно заземјување на опремата;
  • Учество во отстранувањето на дефекти на електрична мрежа под висок напон, разводни постројки и други електро уреди за време на ревизии, ремонти, сменска работа и други непредвидени дефекти;
  • Извршување на други задачи од доменот на стручна квалификација.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • ССП, електротехника.
  • Стручен испит за ракување со трафостаници и разводни електрични постројки ќе се смета за предност.
  • Стручен испит за одржување и сервисирање на електро опрема и инсталации наменети за употреба во простори со експлозивна атмосфера ќе се смета за предност
  • Претходно работно искуство во делот на работа со трафостаници, работа со пумпи, инструментална и друга слична опрема, работа со нафтени деривати, работа на терен ќе се смета за предност
  • Основно познавање на англиски јазик
  • Основно познавање на МS Office
  • Активен возач, Б-категорија

ПОТРЕБНИ ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ

  • Добра психо-физичка кондиција
  • Способност за работа на висина, на отворено, во услови на зголемени испарувања на нафтени деривати, во услови на бучава
  • Комуникациски вештини, ориентираност кон тимска работа, организациски вештини, одговорност, иницијативност, посветеност.

НУДИМЕ

  • Работа во интернационална компанија
  • Позитивна работна средина со можност за напредување
  • Сменско работење во три смени
  • Обезбедена интерна обука и ХТЗ опрема за работното место
  • Конкурентна плата.
  • Организиран превоз од компанијата, до и од работно место
  • Организирана исхрана од компанијата
  • Приватно здравствено осигурување
  • Колективно животно осигурување и 24/7 осигурување од незгода
  • Регрес за годишен одмор во поголем износ од законски пропишаниот
  • Новогодишен надоместок
  • Други бенефиции согласно политиките на компанијата.

Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги на rabota@esi.mk и наведете ја позицијата за која аплицирате.

ЕСИ (Employment Services International)
ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Инсталации, Одржување и Поправки изнесува 24.722 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде