Vrabotuvanje.com - Оператор парни генератори (реон Скопје) - Скопје - ЕСИ ВРЕМЕНО ВРАБОТУВАЊЕ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Оператор парни генератори (реон Скопје)

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЕСИ ВРЕМЕНО ВРАБОТУВАЊЕ Скопје


За вработување кај наш реномиран клиент, ОКТА АД – Скопје, која е членка на една од водечките енергетски групации во Југоисточна Европа – Групацијата HELLENiQ Energy и воедно најголем снабдувач на горива во земјата, бараме:

ОПЕРАТОР ПАРНИ ГЕНЕРАТОРИ (реон Скопје)

 

РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:

  • Самостојно водење и контрола на технолошкиот процес на производство на водена пареа, врз основа на покажувањето на мерните инструменти, инструкции, упатства и технолошки шеми;
  • Подготвување, вклучување и исклучување на опремата со која се управува;
  • Извршување на активности кои се спроведуваат секојдневно и периодично за постигнување на поголема сигурност и економичност во работата на опремата;
  • Учество во испитувањето на технолошката заштита, сигнализација и блокада на опремата;
  • Контрола на постројките, забележување на неисправности, исклучување на неисправната опрема и вклучување на резервната по потреба;
  • Обезбедување на услови за безбедна работа на персоналот за одржување, врз основа на инструкции од претпоставениот;
  • Спроведување погонска анализа за квалитетот на омекнатата вода и напојната вода;
  • Учество во отстранувањето на последиците од хаварии на опремата;
  • Учествува во периодични и генерални ремонтни активности на парните генератори
  • Проверка на цевоводите за пареа, кондензат, свежа вода, гориво за ложење на инсталацијата
  • Размена на информации со другите учесници во технолошкиот процес и корисници на технолошка пареа;
  • Одржување на редот и хигиената на постројките на технолошка пареа и нивна околина;
  • Извршување на други задачи од доменот на стручна квалификација, по налог на претпоставениот.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Средна стручна спрема - Машинство, Електротехника, Енергетика;
  • Положен испит за стручна оспособеност за ракување со котларници со АТК;
  • Претходно работно искуство во делот на работа со пумпи, инструментална и друга слична опрема, работа со нафтени деривати, работа на терен, работа со САП информациски систем ќе се смета за предност;
  • Основно познавање на англиски јазик;
  • Основно познавање на МS Office;
  • Б-категорија возачка дозвола.

ПОТРЕБНИ ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ

  • Добра психо-физичка кондиција, иницијативност и мобилност;
  • Способност за работа на висина, на отворено, во услови на зголемени испарувања на нафтени деривати, во услови на бучава;
  • Комуникациски вештини, ориентираност кон тимска работа, организациски вештини, одговорност, доверливост, чесност, лојалност, непристрасност.

НУДИМЕ

  • Работа во позитивна средина со можност за напредување;
  • Интерна обука за работното место;
  • Конкурентна плата;
  • Сменско работење: три смени 07:00-15:00 прва смена, 15:00-23:00 втора смена, 23:00-07:00 трета смена;
  • Организиран превоз од компанијата, до и од работно место;
  • Организирана исхрана од компанијата;
  • Други бенефиции согласно политиките на компанијата.

Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги на rabota@esi.mk и наведете ја позицијата за која аплицирате.

ЕСИ (Employment Services International)
ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
rabota@esi.mk, www.esi.mk

 

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде