Vrabotuvanje.com - Работник за изработка на Штанц алатки (матрици) - Прилеп - СВАРОГ ДООЕЛ Прилеп
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Работник за изработка на Штанц алатки (матрици)

Прилеп

Рок за пријавување:

  • СВАРОГ ДООЕЛ Прилеп


 

Работник за изработка на Штанц алатки (матрици)

СВАРОГ ДООЕЛ Прилеп е во потрага по мотивирани и одговорни кандидати за позицијата Работник за изработка на Штанц алатки (матрици) за отсекување, за полно работно време. Се нудат можности и за кандидати со претходно работно искуство, како и за почетници кои сакаат да започнат кариера во оваа област. На работната позиција ќе бидете одговорни за дизајнирање, изработка, одржување и поправка на Штанц алатки (матрици) за отсекување кои се користат во различни производни идустрии (автомобилска, печатарска и др.).

Две работни позиции. 

Основни одговорности и задачи:

За сите кандидати:

  • Изработка и дизајн на Штанц алатки за сечење според зададени спецификации
  • Одржување на висок квалитет и прецизност при изработката на Штанц алатки
  • Техничка анализа и оптимизација на постоечките Штанц алатки
  • Водење на детална евиденција за изработените и одржуваните Штанц алатки.
  • Работа со различни алати и машини за обработка на метали и дрво
  • Соработка со други оддели за подобрување на производствениот процес
  • Надгледување на работата на машините, тековно сервисирање, чистење и водење детална евиденција за извршени сервисни поправки
  • Запазување на стандардите од спецификациите за работа и преземање на безбедносни мерки при работата
  • Вршење на сродни задачи на други машини и рачни алати
  • Други помошни работи во производната хала
  • Желба за континуиран развој, учење и стекнување на нови знаења

За кандидати со искуство:

  • Самостојно решавање на технички проблеми и подесување на машини
  • Практично искуство со користење на алати за машинска обработка и способност за читање и разбирање на технички цртежи и спецификации
  • Изразени вештини за решавање на проблеми и внимание на детали
  • Познавање на CAD/CAM софтвери (ќе се смета за предност)
  • Обука на помладите оператори и помош во развојот на нови процеси

За кандидати без искуство:

  • Обука на работното место од страна на искусни Тахничари/Работници
  • Основни познавања за алатки и машини за обработка на метали и дрво (ќе се смета за предност)
  • Способност за брзо учење и приспособување на нови технологии и алати

Квалификации и компетенции:

За сите кандидати:

  • Минимум ССС
  • Добри вештини за решавање на проблеми и внимание на детали.
  • Подготвеност да се обучувате и развивате во улогата на Работник за изработка на Штанц алатки
  • Со или без работно искуство

Како предност ќе се смета:

  • • Работно искуство во дејноста
  • ВСС –инженер, ССС- техничар, или сродни технички струки
  • Познавање на странски јазик

Лични карактеристики:

  • Одговорност и посветеност на работа
  • Стабилна и лојална личност
  • Способност за тимска работа и самостојна работа

Ќе биде направена претходна селекција согласно квалификациите и компетенциите заради определување на нивото на познавања:

  • Почетник (почетно ниво)
  • Квалификуван работник (средно ниво)
  • Техничар (високо ниво)

Што нудиме?

  • Атрактивна нето плата и можност за награди за посветено извршување на работните задачи, определена согласно селекцијата за квалификациите и компетенциите
  • Обука и менторство за кандидати без работно искуство
  • Можност за годишен бонус за работна успешност
  • Додатоци и надоместоци на плата во случаи на прекувремена работа, регулиран годишен одмор и сите стандардни права согласно законската регулатива
  • Обезбеден топол оброк
  • Работа во прва смена
  • Одлични услови за работа во креативна средина
  • Амбициозен тим со солидно искуство во разновидни технички решенија
  • Можност за напредување од личен и од технички аспект

Отворените работни позиции се за во Прилеп.

Испратете кратка биографија (CV) и мотивационо писмопреку Брзата Апликација, или јавете се на еден од следните телефони: 071/645-880 и 072/592-392. Со аплицирање, се согласувате вашите информации да се чуваат во нашата база на кандидати во рок од 12 месеци.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде