Hi-Tech Corp. (www.hitech.com.mk) е водечки европски производител на електронски штампани плочи. Преку посветенување на нашите над 200 вработени, се посветуваме на технолошката експертиза и квалитетот на нашите производи кои ги надминуваат очекувањата на нашите клиенти. А нашите клиенти се едни од најголемите светски брендови. Нашите електронски штампани плочи се применуваат во: CERN акцелератор, Williams Racing и Audi F1 тимовите, Ferrari SF90 и 488, Mercedes AMG, Медицинска индустрија (респиратори, магнетна резонанца, CT), комерцијални сателити, ARRI камери и опрема за видео пренос на Олимписките игри во Париз 2024), авионите Airbus и Boeing, апаратите на Bosch и Siemens... Во моментов отворено е следното работно место:
ОПЕРАТОР за работа во производство
Опис на работно место:
- Едноставни работи на процесна линија;
- Следење на упатства и извршување на предвидени активности;
- Работа на машини, ракување со алати и опрема, извршување на производствени задачи во согласност со зададените инструкции;
- Следење на квалитет на производи по утврдени стандарди.
Работни услови: Работа во три смени.
Што бараме:
- Завршено средно образование;
- Со или без работно искуство;
- Способност за следење на упатства и дисциплинираност.
Што нудиме:
- Организиран превоз од Скопје и околните градови;
- Обезбедена храна;
- Приватно здравствено осигурување;
- Исплата на квартални бонуси согласно постигнати резултати;
- Минимална плата во Hi-Tech Corp. за работни места во производство е нето 30.000 денари.
Доколку сакате да станете дел од тимот кој работи за најголемите брендови низ целиот свет, доставете кратка биографија на емаил hr@hitech.com.mk најдоцна до 10.08.2024 година.
Hi-Tech Corp. обезбедува еднакви можности за вработување на сите кандидати и води посебна грижа за заштитата на лични податоци и за доверливоста на Вашата апликација
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Со самото аплицирање за работната позиција, вие се согласувате дадените лични податоци да се користат/обработуваат од страна на Hi-Tech Corp. и тоа само за процесот за селекција на кандидатите. Кандидатите можат согласноста за обработка на личните податоци да ја повлечат во секое време со доставување на барање на hr@hitech.com.mk.