Ние во Алма-М веќе 33-та година сериозно ги проучуваме и подготвено ги пречекуваме сите промени и новости кои доаѓаат, преку развој, дејствување и трансформација на бизнисот, носејќи нови квалитети за нашите клиенти. Посветуваме посебно внимание на развој на човечките ресурси. Привлекуваме, развиваме и задржуваме најдобри професионалци и наградуваме за нивните резултати.
АЛМА - М
Објавува оглас за следната работна позиција
ШЕФ НА СМЕТКОВОДСТВО
Работни задачи:
- Изготвување на материјални и финансиски одобренија и документи,
- Изготвување на девизни фактури за услуги и префактурирање за учество во флаери во име и за сметка на девизен купувач,
- Месечно и квартално слагање со добавувачи,
- Сложување на картици со коминтенти (долгувања и побарувања),
- Обработка на пописни листи за стока и парични средства,
- Оценување на вработени и извештај за истите до финансов менаџер и вршење на редовна контрола на благајна, КДФИ и ИСК,
- Oтпис на побарувања на годишно ниво, префрлање на претплати и аванси,
- Денарско и девизно плаќање,
- Воведување на нови вработени и нивна обука (подредени во дирекција за сметководство) во работа врз база на дадени процедури, контрола врз истите, предлози за промена на веќе постоечки процедури,
- Пополнувањe на месечни извештаи за статистика (месечно),
- Проверка и изготвување на извештај за состојба на контата поврзани за изработка на пресметката за ДДВ,
- Контрола за ДДВ и праќање на извештај за ДДВ,
- КИППО извештај во НБРМ,
- ВС обрасци за НБРМ,
- Пресметки за персонален данок во Е-ПДД,
- Проверка на уплатен дневен промет (дневно) и известување за истото до одговорни лица,
- Следење на новини во областа на сметководството и нивна навремена имплементација,
- Подршка во изготвување на завршна сметка и финансиски извештаи,
- Книжење на влезни фактури за трошоци,
- Врши и други работи по налог на претпоставениот.
Потребни квалификации и вештини:
- Минимум завршено високо образование - Економски факултет,
- Поседување на лиценца за овластен сметководител,
- Одлично познавање на работа со компјутер (MS Office, посебно на Мајкрософт Ексел),
- Познавање на Англиски јазик,
- Претходно работно искуство во трговија на некои од водечките ланци ќе се смета за предност,
- Претходно работно искуство со CFMA ќе се смета за предност,
- Одлични организациски, комуникациски и менторски вештини,
- Подготвеност за работа во професионална и динамична атмосфера,
- Проактивна и стабилна личност насочена кон резултати,
- Способност за работа под притисок и кратки рокови,
- Способност за тимска и индивидуална работа,
- Систематски пристап при работењето, ориентација кон детали,
- Поседување на висок интегритет и лојалност,
- Иницијативност, посветеност и амбициозност,
- Почитување и примена на пропишаните процедури и интерни акти на компанијата,
- Позитивен однос кон промени.
Потребно искуство:
- Минимум 5 години претходно работно искуство на иста позиција.
Работни услови:
- Работниот однос се заснова на определено време од 3 месеци (период на докажување на способности), со можност за продолжување.
- Дневно работно време е од 08.00-16.00 часот од понеделник до петок
Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации и вештини СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ со нивната професионална биографија која може да ја достават преку полето Брза Апликација, со задолжителна назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката.
Напомена:
- САМО кандидат(к)ите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
- Апликациите без назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката, НЕМА да бидат разгледани!
- Дневно работно време е од 08.00 до 16.00 часот, од понеделник до петок.
- Рок во кој ќе се изврши изборот со интервјуирање – доколку на огласов се пријават до 200 кандидати, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати, изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати, изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
- Со поднесување на Вашата апликација за вработување (CV), потврдувате дека сте согласни Вашите лични податоци да бидат чувани во база и обработувани за намена за сегашно или идно вработување од страна на АЛМА-М ДООЕЛ Скопје или од трето лице ангажирано за таа цел согласно Закон. Доколку не сте согласни, Ве молиме тоа да го наведете во апликацијата.
- Ве молиме без телефонски јавувања
АЛМА-М ДООЕЛ Скопје е секогаш отворена за соработка со кандидати кои се вредни ентузијасти и сакаат да работат со тим кој секогаш е спремен за нови предизвици во иновативна и динамична околина.