Vrabotuvanje.com - Асистент за меѓународна продажба - Прилеп - МИКРОСАМ ДОО ПРИЛЕП
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Асистент за меѓународна продажба

Прилеп

Рок за пријавување:

  • МИКРОСАМ ДОО ПРИЛЕП

За Микросам:

Микросам е светски-признат лидер во производство на Роботски и ЦНЦ машини за композитни производи (carbon fiber, glass fiber, etc.). Во 30-години Микросам има инсталирано над 300 производни линии во повеќе од 43 земји во светот, како Германија, САД, Русија, Јапонија, Кина, Индија, Израел и Кореа. Глобалните клиенти се водечки во авионска, вселенска, автомобилска, одбранбена и други индустрии, како и врвни истражувачки центри за модерни композити.  Заедно со Институтот за Современи Композити и Роботика имаме напредна лабораторија и правиме заеднички развој со бројни компании кои се лидери во примена на композити во светот. Дознајте повеќе на www.mikrosam.com

Микросам ДОО, светски бренд за производство на современи, компјутерски управувани машини за производство на композитни материјали, има потреба од нов стручен кадар:

Асистент за меѓународна продажба  – 2 извршители 

 

Основни одговорности и задачи:

  • Работа со CRM
  • Изработка на редовни и периодични извештаи за продажни резултати
  • Комуникација со меѓународни клиенти, глобални претставници и партнери
  • Консултација со инженерски тим при изработка на понуди
  • Присуство на годишни саеми, настани и конференции
  • Посета на купувачи и добавувачи
  • Комплетна поддршка на Продажниот Тим
  • Сугестии за подобрувања, и други продажни активности

Квалификации и компетенции:

  • ВСС од било која дисциплина, предност ќе имаат канидидати од техничките факултети
  • Техничка ориентација
  • Одлична и убедлива комуникација на телефон, директно и писмено
  • Слушање и разбирање на потребите од сите учесници
  • Одлично познавање на англиски јазик, особено пишување
  • Желба за успех, континуирано учење и лично подобрување
  • Самоиницијативност и способност за самостојна работа
  • Тимска работа и искуство со софтверски алатки

Што нудиме?

  • Одлични услови за работа во креативна средина
  • Амбициозен и професионален тим со големо искуство во врвни технички решенија
  • Континуирана обука и можност за напредување од личен и од технички аспект
  • Учество на меѓународни проекти со купувачи од целиот свет
  • Организиран превоз и храна

Отворените позиции се за во нашите канцеларии во Прилеп.

Испратете кратка биографија (CV) и мотивационо писмо преку копчето Брза Апликација.

Рокот за пријавување е до 01.09.2024.

Само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју. 

Со аплицирање, се согласувате вашите информации да се чуваат во нашата база на кандидати во рок од 12 месеци.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Менаџмент изнесува 39.113 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде