Потребни квалификации и вештини:
- ВСС – инжeнер на електротехника
- Со или без работно искуство (предност на кандидати со претходно работно искуство во иста/слична област)
- Познавање на елементарни принципи на функционирање на сензорика – индуктивни давачи, фотокелии, трансмитери на притосок, температура, мерачи на проток, мeрачи на ниво, како и слични опреми наменети за автоматизација на погони во прехрамбената индустрија
- Како предност ќе се земе во обзир, разбирањето на основните принципи на пневматиката, хидраулика и механика
- Работа со компјутери (ms office, internet, e-mail)
- Способност за индивидуална и тимска работа
- Организациони способности
- Желба за едукација
Што очекуваме од вас:
- Планирање и контрола на извршените превентивни активности во рамките на погонот за производство
- Техничка подршка на извршителите на активностите на одржување, како и на непосредните ракувачи на опрема
- Водење на евиденција за состојбата на опремата, како и документација согласно бараните стандарди
- Управување со оптимални залихи на резервни делови и технички материјали
- Комуникација со производителите на опрема и добавувачите на резервни делови во насока на пронаоѓање на оптимални решенија
- Предлагање на мерки за намалување на оперативните трошоци, со рационализација на употребата на сите расположиви ресурси
- Тимска работа и одржување на позитивна работна атмосфера
Ние нудиме:
- Професионален предизвик во компанија со водечка позиција на пазарот
- Позитивна работна атмосфера
- Работа во хармоничен тим со силни семејни вредности
Аплицирај!
Ве покануваме, доколку имате интерес пратете ваша апликација со Професионална биографија користејќи го полето „Брза Апликација“