Hi-Tech Assembly Center (https://www.htac.com.mk/) е основан во 2018 година како инвестиција на Hi-Tech Corp. (www.hitech.com.mk) - водечки европски производител на електронски штампани плочи. Нашиот ‘state of the art’ објект кој се простира на површина од 8.000 м², ја користи најновата SMT и THT опрема за склопување на сите видови плочки по највисоките светски стандарди.
Во моментов отворено е следното работно место:
Оператори на линија за асемблирање
- Вршење операции на процесна линија
- Следење на упатства и извршување на предвидени активности
- Работа на машини, ракување со алати и опрема, извршување на производствени задачи во согласност со зададените инструкции
- Следење на квалитет на производи по утврдени стандарди
- Работа во две смени, од понеделник до петок, и секоја втора сабота
- Локација: Технолошко-индустриска развојна зона Бунарџик
- Завршено минимум средно образование
- Со или без работно искуство
- Познавање на англиски јазик
- Способност за следење на работни инструкции и дисциплинираност
- Организиран превоз од Скопје и Свети Николе
- Обезбедена храна
- Приватно здравствено осигурување за лојални вработени
- Почетна нето плата од 30.000 денари
- Целосна обука и поддршка од тимот
Доколку сакате да станете дел од тимот кој работи за најголемите брендови низ целиот свет, доставете кратка биографија на емаил hr@hitech.com.mk најдоцна до 01.09.2024 година.
Hi-Tech Corp. обезбедува еднакви можности за вработување на сите кандидати и води посебна грижа за заштитата на лични податоци и за доверливоста на Вашата апликација
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Со самото аплицирање за работната позиција, вие се согласувате дадените лични податоци да се користат/обработуваат од страна на Hi-Tech Corp. и тоа само за процесот за селекција на кандидатите. Кандидатите можат согласноста за обработка на личните податоци да ја повлечат во секое време со доставување на барање на hr@hitech.com.mk.