Основана во 1992, МАЈАМИ д.о.о. благодарејќи на постојаното вложување во модернизација на производствените процеси, денес е меѓу водечките добавувачи на вештачки обвивки за месната индустија во регионот.
Секоe достигнување и успех на компанијата е резултат на одличното функционирање на целиот тим, желбата за заедничка работа и взаемно почитување.
Производствениот погон во ИДРИЗОВО, Скопје има потреба од:
ПОМОШНИК ПЕЧАТАР
на машина за флексографско печатење
Потребни квалификации:
- Минимум ССС.
- Со или без работно искуство.
Работни услови:
- За почеток работниот однос се склучува на определено време од 3 месеци (со можност за продолжување).
- Работното време е организирано во 3 смени.
- Неделното работно време изнесува 40 часа.
- Почетна нето плата до 35,000,00 - 40.000,00 ден.
Работни задачи:
- Подготовка на бои и материјали во процесот за печатење.
- Следење на квалитетот на производот, со цел навремено да се идентификува, отфрли или спречи секоја неправилност.
- Евидентирање на сработените количини и производи.
- Предавање на сработеното во магацин.
- Почитување на мерките за заштита при работа
- Одржување и грижа за работното место
Ние нудиме:
- Секогаш навремена плата.
- Платен годишен одмор.
- Исплата на регрес (К15).
- Додаток за минат труд.
- Индивидуален бонус за редовност и продуктивност.
- Тренинг и обуки за нови вработени.
- Континуирано усовршување во работа.
- Можност и поттик за напредување во работата.
- Работа во чиста и климатизирана атмосфера.
Од Вас очекуваме:
- Способност за работа во тим.
- Подготвеност за работа во смени.
- Способност за следење на работни инструкции и налози.
- Точност, самоиницијатива, исполнителност и чесност.
- Одговорност и организираност.
- Способност за извршување на работните задачи;
Доколку ваквиот работен ангажман е предизвик за Вас, испратете го вашето CV преку полето „Брза Апликација“