Паком Компани д.о.о.е.л. Скопје, е членка на М САН групација, најголема регионална компанија со дејност дистрибуција на производи од ИТ технологија, потрошувачка електроника и емобилност. Причините за нашиот успех се компетентност и интеграција во работење на сите сегменти и активности, квалитетна дистрибутивна и сервисна мрежа, професионално обезбедени услуги кон потрошувачите, партнерите и крајните корисници, како и ефикасна логистика, финансиска стабилност и регионална координација, поддржани од постојано воведување на иновации во сите сегменти на работењето.
Продажен претставник за потрошувачка електроника и климатизација
Работно место во Скопје
Што добивате:
- Конкурентна плата + месечни бонуси согласно остварените таргети;
- Работни денови од понеделник до петок;
- Приватно здравствено осигурување по истек на пробен период;
- Поволности за вработените за купување на производи кои ги дистрибира фирматa;
- Можност за присуство на спортски активности, тим билдинг и останати настани и активности организирани од страна на компанијата;
- Можност за стручно усовршување во областа со платени обуки, тренинзи, курсеви и работилници за стекнување на соодветни вештини и знаења, можност за континуирана едукација;
- Работа во професионална средина и работа во тим кој е секогаш подготвен да ви помогне;
- Работа во интернационaлна групација, динамична работа исполнета со нови предизвици и стекнување нови искуства и вештини;
- Можност за наградување и напредок во рамки на компанијата;
Работни задачи:
- Обезбедување на раст на бизнисот и зголемување на пазарниот удел на доделениот пазар;
- Формирање и спроведување на план за развој на пазарот за доделениот пазар преку идентификување на нови можности за раст;
- Развивање квалитетни односи со постојните клучни клиенти и стекнување нови на доделениот пазар.
- Препознавање на потребите на клиентите и креирање соодветна понуда;
- Создавање на месечни и годишни планови и креирање на извештаи за остварениот промет со клиентите;
- Правење подготовки и одржување на презентации по повод нови артикли;
- Посета и контрола на теренот и следење на сопствените брендови;
- Отворање нови продавници и позиционирање на нашите производи во дистрибутивната мрежа;
- Оперативна имплементација на продажни активности (создавање нарачки, следење на залихите на клиентот и следење на побарувачката);
- Организација и активно учество во спроведување и следење на промотивни активности и маркетинг;
- Следење на пазарните трендови со навремено дејствување и прилагодување на пазарните услови и
- Предлагање нови идеи со цел генерирање дополнителен промет и раст на бизнисот.
Од кандидатот очекуваме:
- Минимум 3 години искуство во продажба;
- Oдлично познавање на MS Office пакетот;
- Возачка дозвола "Б" категорија, активен возач;
- Развиени комуникациски и преговарачки вештини;
- Ажурност, организираност и совесност во работењето.
Краен рок за аплицирање: 06.09.2024 година.